Скопје, 21.11.2025 – Фондацијата Метармофозис во рамки на Деновите на медиумска писменост денеска го организира вебинарот „Анти-ЕУ наративи на Западен Балкан: Предизвици и одговори“.
На вебинарот ќе се разгледаат најчестите анти-ЕУ наративи низ регионот – како се појавуваат, кој ги движи и како го обликуваат јавното мислење. Ќе се дискутира за начините на кои политичките актери и идеолошките групи ја прикажуваат ЕУ како закана за идентитетот, суверенитетот или традиционалните вредности и како овие наративи се преплетуваат со пошироките геополитички напори за поткопување на довербата во Унијата.
Настанот ќе се одржи во период од 12:00 до 13:00 часот.






