Новите технологии и дигиталните медиуми го обликуваат светот денес, а заедно со него и нашите демократии и општества. Развојот на технологијата создава можности и закани за начинот на кој ги согледуваме информациите, политиката и односите. Во изминатите децении, медиумската писменост и медиумското образование најмногу го нагласуваа критичкото размислување, потребата да се разбере како се создаваат информациите и како се организирани медиумите. Но, со развојот на технологијата и платформите за социјални медиуми, шаблоните на креирање медиуми и консумирање медиумска содржина се веќе нејасни.
Може ли медиумското образование да ни помогне да го следиме темпото на развој на технологијата, или универзитетското образование е осудено секогаш да доцни еден (или неколку) чекори? Како развојот на технологијата и консумирањето дигитални медиумски содржини го редефинираа медиумското образование? Дали медиумското образование е лекот против манипулации и дезинформации? Што треба да биде предметот на истражувањата и анализите во сферата на медиумското образование? Како да се преточат резултатите од истражувањата во образовна практика? Кои вештини и компетенции треба да се развијат?
Придружете ни се во дискусиите за овие прашања за време на дводневниот виртуелен симпозиум во живо (преку Zoom) на 3 и 4 февруари 2022 година во 11:00 часот.
На симпозиумот ќе бидат присутни академици, луѓе кои работат во областа и млади истражувачи од САД, ЕУ и Западен Балкан, за да разговараат за медиумската писменост и медиумското образование. Преку дискусија за нивните согледувања и искуства, панелистите ќе ги истакнат различните пристапи за проучување на клучните прашања за дигиталната медиумска писменост, како медиумската писменост влијае врз општеството, како и улогата на медиумската писменост во промовирањето граѓански ангажман и дигитално граѓанство.
Пријавете се за да ги следите сесиите на следниот линк: https://bit.ly/3qJ35rM
Обратете ни се за повеќе информации на bojang@iks.edu.mk или temenugova@iks.edu.mk.
Симпозиумот се одржува во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост, YouThink, кој го спроведува ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите на YouThink се овозможени со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).
Агенда од настанот: https://iks.edu.mk/attach/Drzenje-cekor-so-trendovite-Obrazovanie-za-mediumska-pismenost-vo-se-pobrzata-denesnica-AGENDA-MKD.pdf