Во насока на следење на процесот на застапеноста на филмот и филмската писменост во образовниот процес во земјава и развојот на ова поле кој е евидентен низ годините, Даниела Станковска-Плачковска од Агенцијата за филм, која воедно е член на работната група за филмска писменост во Мрежата за медиумска писменост, изработи едукативно видео во кое е направен пресек на повеќе активности реализирани во периодот од декември 2021 до јуни 2024 година.
Видеото е достапно на YouTube каналот и Facebook профилот на Мрежата за медиумска описменост, и на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=Ru3RnY15wIU