ПРЕДПРОГРАМА

Регионален проект - Балкански медиумски камион | 2 – 15 ноември | Битола, Гостивар, Штип и Скопје.
Битола | 3 и 4 ноември | 11:00 - 15:00 | Широк Сокак спроти кафе-бар „Јагода“;
Гостивар | 6 и 7 ноември | 11:00 - 15:00 | паркинг пред Гимназија „Гостивар“;
Штип | 10 и 11 ноември | 11:00 - 15:00 | Градски плоштад „Слобода“ (ден 1) и Градски плоштад „Слобода“ и СОУ „Коле Нехтенин“ (ден 2)
Скопје, 13 (дополнителна потврда за локација и време) и 14 ноември, 11:00 - 15:00, гимназија НОВА.

Агенда: Квиз: Препознавање на дезинформации како супермоќ, дискусија за дезинформации: Провери ги фактите и игра за проверка на факти: Табла „Препознај ја лагата“
Целна група: Општа јавност со фокус на млади

ФОНДАЦИЈА МЕТАМОРФОЗИС

ТВ спот – Денови на медиумска писменост 2025

Аудио спот – Денови на медиумска писменост 2025

Видеото „Четири текста, четири света“ е изработено со Google NotebookLM користејќи го материјалот подготвен од Олга Самарџиќ Јанкова од КонЕду Глобал, достапен на:

Видеото „Видеоигри – Новата училница“ е изработено со Google NotebookLM користејќи го материјалот подготвен од Олга Самарџиќ Јанкова од КонЕду Глобал, достапен на

Видеото „Цртани и критичко размислување“ е изработено со Google NotebookLM користејќи го материјалот подготвен од Олга Самарџиќ Јанкова од КонЕду Глобал, достапен на

Годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост 2025: Потребна е поголема координација, интеграција во образованието и засилување на младинските иницијативи

Состанокот на Мрежата за медиумска писменост, одржан на 24 ноември 2025 година, беше последниот настан од програмата на седмото издание на Деновите на медиумска писменост, во текот на кое беа реализирани повеќе од 20 настани во повеќе места во државата. На состанокот присуствуваа претставници од Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми, Советот на…

Прочитај повеќе

Одржана дебата на ИКС „ Младите во фокус: Странското мешање и манипулирање со информации“

На 21 ноември, во организација на Институтот за комуникациски студии се одржа дебатата „ Младите во фокус: Странското мешање и манипулирање со информации“ наменета за студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. На средбата се дискутираше за тоа како странското влијание, нерегулираниот онлајн простор, анонимните профили и непроверените извори ја обликуваат јавната перцепција кај младите…

Прочитај повеќе

Одржана панел дискусија и отворена седница на СЕММ

Во рамки на Деновите на медиумската писменост, во организација на Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите на Македонија на 21 ноември се одржа панел дискусијата „Вештачката интелигенција во редакциите: предизвици за саморегулација и медиумската писменост. Настанот беше посветен на примената на вештачката интелигенција во редакциите, како и предизвиците за саморегулацијата и…

Прочитај повеќе

Расипан прозорец од патарини, но полни срца од приказни: Жеровјане покажа колку е силна локалната енергија

На 20 ноември во Жеровјане се случи нешто повеќе од обична работилница, селото Жеровјане „забрмче“ од идеи, приказни и креативна енергија. Во основното училиште „Лирија“ се собраа локални креатори на содржини, активисти, наставници, доктори, професори и жители со една цел: да раскажат за нивните предизвици и гордост, кои потоа ќе бидат „месо“ за медиумски приказни…

Прочитај повеќе

Промовирана компаративна анализа и препораки во борбата против SLAPP тужбите

Во рамките на Деновите на медиумска писменост, на 20 ноември во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се одржа настан посветен на зајакнување на отпорноста на медиумската заедница кон правните притисоци врз новинарите, со фокус на стратешките тужби против учество на јавноста (SLAPP). Централен дел од настанот беше презентацијата на Компаративната анализа…

Прочитај повеќе

Одржана работилница за медиумска писменост: Дали е трик или го заслужува мојот клик?

На 19 ноември во Основното училиште „Петар Поп Арсов“ од Скопје во организација на Институтот за комуникациски студии се одржа работилница за медиумска писменост „Дали е трик или го заслужува мојот клик?“, наменета за ученици од петто одделение. Петтооделенците од ООУ „Петар Поп Арсов“ покажаа дека критички размислуваат и знаат да препознаат што навистина вреди…

Прочитај повеќе

Најава за Вебинар Анти-ЕУ наративи на Западен Балкан: Предизвици и одговори

Скопје, 21.11.2025 – Фондацијата Метармофозис во рамки на Деновите на медиумска писменост денеска го организира вебинарот „Анти-ЕУ наративи на Западен Балкан: Предизвици и одговори“. На вебинарот ќе се разгледаат најчестите анти-ЕУ наративи низ регионот – како се појавуваат, кој ги движи и како го обликуваат јавното мислење. Ќе се дискутира за начините на кои политичките…

Прочитај повеќе

Политичките поделби, нерегулираните социјални мрежи и непрофесионалните медиуми се овозможувачи на ФИМИ за време на изборите

Скопје, 20.11.2025 – Во организаицја на Фондацијата Метаморфозис, а во соработка со Интернешенал ИДЕА, денеска во Скопје, во рамки на деновите на медиумска писменост, беше презентиран извештајот „Овозможувачи и поттикнувачи на ФИМИ за време на изборите во Северна Македонија“. Документот е изработен според меѓународна методологија која се применува при изработка на слични извештаи во партнерство со…

Прочитај повеќе

Заедничка посветеност за заштита на новинарите како предуслов за поголема безбедност на медиумските работници

Скопје, 19.11.2025 – Споделувањето на клучните ризици со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници и механизмите што институциите ги применуваат за нивна заштита беа фокусот на денешната дискусија на стручен настан во Скопје. Учесниците споделија искуства за трендовите во физичките и онлајн закани, за ефектите од новите законски решенија, како и за полициските и…

Прочитај повеќе

Најава за предавање и работилница Користење јавно достапни ресурси за разобличување дезинформации

Скопје, 20 ноември 2025 –  Во склоп на Деновите на медиумска писменост 2025 денеска со почеток во 11:30 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ќе се одржи предавање и работилница Користење јавно достапни ресурси за разобличување дезинформации. Настанот е во организација на Амбасадата на Литванија и Шведска, Делегацијата на Европската Унија и Јуроп…

Прочитај повеќе

Одржана работилницата „Интердемократија“ наменета за ученици од средните училишта

Скопје, 19 ноември 2025 – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 18 ноември во просториите на АВМУ се одржи работилницата „Интердемократија“, која беше наменета за ученици од повеќе средни училишта. Настанот имаше за цел да го поттикне партиципативниот процес меѓу учениците преку употреба на генеративна вештачка интелигенција, фокусирајќи се на…

Прочитај повеќе

Одржана работилница „Европски мастер по справување со дезинформации“

Скопје, 19.11.2025 – Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2025, на 18 ноември во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржа работилницата „Европски мастер по справување со дезинформации“, наменета за вратотените во АВМУ и главните уредници на националните радија и телевизии. Целта на работилницата беше да им даде поддршка на професионалците во…

Прочитај повеќе

Одржана работилница за препознавање и справување со странско мешање и манипулирање со информации

На 19 ноември, во рамки на Деновите на медиумска писменост 2025, Институтот за комуникациски студии одржа работилница со пензионерите од Здружението на пензионери – Куманово посветена на дезинформации, странско мешање и манипулирање со информации (СММИ) и хибридни напади. На настанот се зборуваше за тоа како „обичните“ дезинформации се разликуваат од координирани влијанија зад кои стојат…

Прочитај повеќе

Отворени Деновите на медиумска писменост 2025

Скопје, 17 ноември 2025 – Од денеска па се до 24 ноември, во организација на Мрежата на медиумска писменост, по седми пат ќе се одржат Деновите на медиумска писменост 2025. Членките на Мрежата и нивни поддржувачи, ќе организираат повеќе од дваесетина настани на различни локации низ целата држава, а некои настани ќе се одржат и онлајн.…

Прочитај повеќе