Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е независно регулаторно тело кое е надлежно за регулација на телевизиите, радијата и аудиовизуелните медиумски услуги по барање, а ограничени надлежности има и врз операторите на електонски комуникациски мрежи (кабелски оператори) и издавачите на печатени медиуми.

Во 1997 година, со формирањето на Советот за радиодифузија како регулаторно тело, отпочна процесот на независна регулација на приватните радио и телевизиски станици и Јавниот радиодифузен сервис. Во 2014 година, по стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како негов правен следбеник продолжи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во рамки на Агенцијата беа воспоставени двата органа: Директор и Совет на Агенцијата.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) има законска обврска да ја промовира медиумската писменост. За да го оствари ова, таа, преку Мрежата за медиумска писменост, се поврза со креатори на политики, медиуми, едукатори, граѓански организации. Некои активности, Агенцијата ги реализира во соработка со членови на Мрежата или со други чинители, а други, реализира сама. Процесот на консултација и соработка секогаш е отворен.

На 15-та седница одржана на 28 март 2019 година, Советот на Агенцијата го усвои документот Политика за медиумска писменост. Документот е изработен од генералниот секретар на ЕАВИ Паоло Челот, во рамките на проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX). Пред да биде усвоен документот, на веб страниците avmu.mk и mediumskapismenost.mk, беше отворена јавна расправа по неговиот текст и истиот беше доставен до сите членки на Мрежата за медиумска писменост.

Во насока на развој и промоција на медиумската писменост, Агенцијата со експертска поддршка, изработи Програма за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија, со важност за периодот 2016-2018. Во март 2019 година беше усвоен Извештај за спроведувањето на оваа програма.

mak.slika_-306x412
slika-izvestaj-med.pismenost
slika-programa