Денови на медиумска писменост 2024

Најава за видео прилог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“

На 4 ноември со почеток во 12:00 часот, Радио МОФ ќе организира видео прилог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“, кој ќе се одржи онлајн. Настанот може да се следи преку Facebook профилот на радио МОФ.

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Најава за работилница на тема „Препознавање и одговор на говорот на омраза“

Во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и ОБСЕ, на 4 ноември, ќе се одржи работилницата „Препознавање и одговор на говорот на омраза“. Настанот ќе се одржи во хотел Арка, со почеток од 10:00 часот.

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Најава за видео дискусија на радио МОФ

На 2 ноември, од 12:00 до 12:30 часот, Радио МОФ ќе организира видео дискусија на тема „Дигиталниот живот на младите“, која ќе се одржи онлајн и може да се следи на Facebook профилот на радиото. Ова е втор настан на радио МОФ во склоп на Деновите на медиумска писменост 2024.

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Одржана работилницата „Вештачка интелигенција: можности и ризици“

Во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 31 октомври се одржи работилница на тема „Вештачка интелигенција: можности и ризици“. Работилницата беше наменета за новинари, уредници и медиумски професионалци. На настанот говореа Верена Шнајдер и Фрегор Шмалцрид, експерти од Сојузна Република Германија кои потенцираа дека вештачката интелигенција станува сè поважна со зголемената дигитализација на…

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Одржана работилницата „Медиумската писменост и средношколците“

Во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, на 31 октомври во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржи работилница на тема „Медиумската писменост и средношколците“. На настанот учествуваа ученици и професори од средните училишта „Никола Карев“, „Кочо Рацин“ и „Јосип Броз Тито“. На работилницата говореше Тобијас Фишер од Регулаторното тело за медиуми…

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Најава за вебинар на тема „Дезинформации на Западен Балкан: Трендови, предизвици и одговори“

Во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, Фондацијата Метаморфозис на 1 ноември ќе одржи вебинар на тема „Дезинформации на Западен Балкан: Трендови, предизвици и одговори“. Вебинарот ќе се одржи од 13:00 до 14:00 часот онлајн и на истиот може да се пристапи преку линкот https://antidisinfo.net/webinar-disinformation-in-the-western-balkans-trends-challenges-and-responses/.  

Read article