Денови на медиумска писменост 2024

Најава за видео дискусија на радио МОФ

На 2 ноември, од 12:00 до 12:30 часот, Радио МОФ ќе организира видео дискусија на тема „Дигиталниот живот на младите“, која ќе се одржи онлајн и може да се следи на Facebook профилот на радиото. Ова е втор настан на радио МОФ во склоп на Деновите на медиумска писменост 2024.

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Одржана работилницата „Вештачка интелигенција: можности и ризици“

Во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 31 октомври се одржи работилница на тема „Вештачка интелигенција: можности и ризици“. Работилницата беше наменета за новинари, уредници и медиумски професионалци. На настанот говореа Верена Шнајдер и Фрегор Шмалцрид, експерти од Сојузна Република Германија кои потенцираа дека вештачката интелигенција станува сè поважна со зголемената дигитализација на…

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Одржана работилницата „Медиумската писменост и средношколците“

Во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, на 31 октомври во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржи работилница на тема „Медиумската писменост и средношколците“. На настанот учествуваа ученици и професори од средните училишта „Никола Карев“, „Кочо Рацин“ и „Јосип Броз Тито“. На работилницата говореше Тобијас Фишер од Регулаторното тело за медиуми…

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Најава за вебинар на тема „Дезинформации на Западен Балкан: Трендови, предизвици и одговори“

Во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, Фондацијата Метаморфозис на 1 ноември ќе одржи вебинар на тема „Дезинформации на Западен Балкан: Трендови, предизвици и одговори“. Вебинарот ќе се одржи од 13:00 до 14:00 часот онлајн и на истиот може да се пристапи преку линкот https://antidisinfo.net/webinar-disinformation-in-the-western-balkans-trends-challenges-and-responses/.  

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Најава за отворен медиумски ден во радио МОФ

Во Радио Моф во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, на 1 ноември од 10:00 до 14:00 часот ќе се одржи отворен медиумски ден. Сите заинтересирани млади имаат можност да дојдат, влезат и ѕирнат во редакцијата на Радио МОФ, да ги запознаат новинарите и уредништвото, но и да дознаат како се „готви“ новинарскиот производ.…

Read article
Денови на медиумска писменост 2024

Најава за работилницата „Паметно живеење во дигиталниот свет – можности и предизвици“

На 1 ноември од 12:00 до 14:00 часот, во Europe House во Струга ќе се одржи работилница на тема „Паметно живеење во дигиталниот свет – можности и предизвици“. Настанот е во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Делегацијата на Европската Унија.

Read article