Универзитетското радио УКЛО ФМ-Битола, радио на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ – Битола, кое е дел од Мрежата за медиумска писменост, сакајќи да даде свој придонес во Деновите на медиумска писменост 2021, осумнаесетто издание на радиоемисијата за деца ,,Слушнете неее!“ емитувано на 26 ноември 2021 година го посвети на медиумската и информациската писменост, обработени на оригинален и креативен начин.
Радиоемисијата ,,Слушнете неее!“ е наменета за децата, тинејџерите и младите возрасни. Има едукативен, информативен и забавен карактер, а има за цел да се чуе гласот и ставот на децата за различни прашања. Водителка на емисијата е Ноела Нечкоска, десетгодишна ученичка во Основното училиште ,,Елпида Караманди“ во Битола, која материјалот го подготвува со нејзината мама Рената, професор на Економскиот факултет во Прилеп, единица на УКЛО.
Радиоемисијата може да ја слушнете на следниот линк: