И оваа година Универзитетското радио УКЛО ФМ – Битола, радио на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, подготви специјално издание на радиоемисијата за деца и млади ,,Слушнете неее! со Ноела“ посветено на медиумската писменост.
Овојпат водителката Ноела Нечкоска, осмоодделенка во ОУ „Елпида Караманди“ – Битола, во 49-та епизода на емисијата истражуваше и зборуваше на темата Секоја вест на тест!
Имено, Педагошкиот факултет – Битола, единица на УКЛО, со поддршка од УСАИД, ИКС и ИРЕКС го издаде првиот Прирачник за медиумска писменост насловен „Секоја вест на тест!“, изработен од кадри и студенти на УКЛО во рамки на проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Во ова специјално издание на ,,Слушнете неее! со Ноела“ се обработуваат и се користат референци токму од тој Прирачник. Така се доловува младешки пристап и перцепција, поткрепена со академски квалитет и во реалниот контекст на денешното живеење на интернет и светот како глобално село.
Емисијата е достапна на линкот:
https://www.youtube.com/watch?v=qMEGvP8vTWY&list=PLuGD39XFPX9G52BBGRrTy_3uPvtlrvTNp