Во рамките на ДМП 2021, на 26 ноември беа претставени „Препораките за професионално известување за деца и млади“ и воедно беше одржана јавна седница на Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).
Во соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и низ консултации со професионалните медиумски и новинарски здруженија, подготвени се препораки во вид на апели до медиумите кои што се потпираат на меѓународните кодекси и релевантни документи во оваа сфера. Во иднина овие препораки ќе послужат како основа за надградба на етичката рамка и Кодексот во однос на известувањето за овие прашања и теми.“ Погледнете го краткото видео од настанот.