Во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, на 31 октомври во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржи работилница на тема „Медиумската писменост и средношколците“. На настанот учествуваа ученици и професори од средните училишта „Никола Карев“, „Кочо Рацин“ и „Јосип Броз Тито“.
На работилницата говореше Тобијас Фишер од Регулаторното тело за медиуми во германската покраина Саксонија-Анхалт кој ги потенцираше важноста на медиумската писменост и идентификувањето на пораките кои се испраќаат преку различни извори и медиуми, како младите да размислуваат критички и да ги проверуваат информациите, и како на безбеден начин да се користат онлајн мрежите Facebook, Instagram, Тик Ток.
Работилницата беше организирана од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Јавниот сервис„ во соработка со Сојузна Република Германија.