Денес во рамки на Деновите на медиумска писменост 2024, во период од 13:00 до 15:30 часот, во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи панел дискусија на тема „Медиумската писменост и младите“, организирана од Младинскиот образовен форум (МОФ) и ИРЕКС.
На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието, Африм Гаши, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и координаторката на Клубот за младински прашања и политики, Драгана Бојковска.