Со цел да се обезбеди поголема видливост и достапност на активностите кои се реализираа во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022, изработени се кратки видеа од повеќе настани прилагодени и за лицата со оштетен слух со додадено толкување на македонски знаковен јазик.
Видеата се достапни на следните линкови:
Видео на знаковен јазик – Работилница „Неодложна пристапност“
Видео на знаковен јазик – Дискусија „Како медиумите известуваат за младите со атипичен развој“
Видео на знаковен јазик – Јавна седница на комисијата за жалби на СЕММ
Видео на знаковен јазик – Панел дискусија „Преку медиумската писменост образуваме млади генерации без предрасуди и стереотипи“
Видео на знаковен јазик – Панел дискусија „медиумската писменост и студентите“
Видео на знаковен јазик – Инклузивни кина, бесплатна програма за лица со попреченост