Поврзани со улогата и унапредувањето на медиумската писменост изготвени во рамки на проектот „Младите размислуваат“ изработени се кратки видео материјали кои даваат одговори на прашањата за тоа како медиумската писменост придонесува кон развојот на општеството и зошто учениците треба да бидат медиумски писмени.
Овој серијал видеа ги вклучува наставниците од неколку основни училишта во земјава кои се дел од процесот на вклучување на медиумската писменост во наставата.
Видеата се достапни на следните линкови:
Која е предноста на медиумски писмени наставници и ученици? – Добри Јовевски
Како медиумската писменост придонесува кон развојот на општеството? – Сатки Исмаили
Како медиумската писменост го унапредува критичкото размислување? – Виолета Стевановска
Зошто учениците треба да бидат медиумски писмени? – Игор Богданоски