Дезинформациите и кризите се во меѓузависна врска, а проблемот е што луѓето денес се соочени со толку многу дезинформации, поради што им станува тешко да разграничат на кои извори може да им веруваат, вели во интервју за МИА претседателката на ЕУ Дисинфо Лаб, Диана Валис.
Со Валис разговаравме за време на годишната Конференција на ЕУ Дисинфо Лаб, независна непрофитна организација, која собира знаење и експертиза за дезинформациите во Европа, што оваа година се одржа во Краков. Над 400 реномирани професионалци од целиот свет од различни области поврзани со работата на медиумите и борбата против пропагандата и дезинформациите имаа можност да дебатираат за различни области кои ја засегаат оваа проблематика, а еден од заклучоците од Конферецијата беше дека здравството, миграцијата, недовербата во институциите, војната во Украина и климатските промени се главните наративи, кои го сочинуваат пејзажот на дезинформации во Европа. Оние кои стојат зад нив пронаоѓаат се покреативни начини за нивно ширење, а особено се интензивираат во предизборни периоди.
Целото интервју на Диана Валис дадено за МИА е достапно на следниот линк.