Седумнаесет студенти од Македонија и Албанија учествуваа на студентската школа за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО што се одржа од 28 до 31 октомври во Охрид.
За време на интензивната четиридневна програма, студентите учеа за клучните концепти на медиумската писменост, говорот на омраза, стереотипите и предрасудите присутни во медиумите и за известувањето за различностите, а учеа и како да креираат медиумски содржини.
Повеќе информации за настанот се достапни на линкот