Каков вид на „колачиња“ користиме?

„Колачиња” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на веб страницата. На страницата има само таков тип на „колачиња“ што исчезнуваат по исклучувањето на интернет пребарувачот, за разлика од оние кои можат да останат снимени на вашиот компјутер долг период.

Зошто користиме „колачиња“?

Со помош на ваквите фајлови Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го следи движењето на посетителите на веб страната и на тој начин собира податоци за да го подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на веб страната.

Кои податоци ги собираме?

При посета на веб страницата, имајќи ја во предвид природата на Интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, број на посети, просечно време поминато на страната, типот на уреди, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Колачиња од социјални медиуми – Заштита на личните податоци при користење на социјалните медиуми – Facebook и Instragram

На веб страницата е интегрирана компонента на Facebook и Instagram. Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле. Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница. Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

Исто така, на веб страницата е интегрирана и компонентата на Instagram. Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле. Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци. Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница. Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/. Според тоа, социјалните медиуми – Facebook и Isntagram имаaт свои политики за колачиња и приватност над кои немаме контрола.

Прифаќање на условите 

Корисникот има можност да даде согласност на веб страницата за користење на „колачиња“ или да го одбие истото. Со користење на „колачињата“, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за „колачиња“. Вашето континуирано користење на веб страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Ажурирано: март 2023