ДВД-то насловено „Информации, видеа и други документи за МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ“ e првиот проект на дел од членките на Мрежата. Наменето е за основните училишта во Македонија. Неговата дистрибуција е одобрена од Бирото за развој на образованието, а се реализира со помош од Министерството за образование.
Заедно со ДВД-то, до основните училишта е испратен и леток насловен „За медиумската писменост“ изработен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги АВМУ. Во него на едноставен јазик се даваат одговори на прашањата: Што е тоа медиумска писменост?, За кого е важна таа?, На кои медиуми се однесува?, Зошто е важна? и Како критички да се оценуваат медиумските содржини?