Медиумска и информациска писменост за информирање во јавен интерес

Сензационална вест!

Македонски космонаути на врвот на Сончевиот систем.

ДЕНОВИ НА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ 2024

28.10.2024 - 4.11.2024

Медиумска и информациска писменост за информирање во јавен интерес

ТВ спот – Денови на медиумска писменост 2024

Аудио спот – Денови на медиумска писменост 2024

Работилница: компетенции за медиумската писменост на ИКС

Кои знаења и вештини треба да ги поседува еден граѓанин за да биде медиумски писмен? Ова беше клучното прашање што професорите од педагошките и другите факултети од различни универзитети го дискутираа со хрватскиот професор и експерт за медиумска писменост, Игор Канижај. Со него ги разгледуваа традиционалните концепти на поставување цели на учење кога се креира програма…

Прочитај повеќе

Вештините на средношколците за препознавање на дезинформации во трка со вештачката интелигенција

Средношколците поседуваат вештини за препознавање на дезинформациите со кои како што велат растеле заедно, но и понатаму се случува дел од нив да „се лизнат“ и да споделат или да поверуваат во некоја манипулација. Нивниот впечаток е дека дезинформациите се масовно присутни на сите социјални мрежи, а за да ги проверат користат различни техники од…

Прочитај повеќе

[Видео] Новинарите зборуваат: ВИ може да биде сојузник во редакциите, но не и да го замени новинарот

Рапидниот развој на алатките за вештачка интелигенција (ВИ) секојдневно се заканува дека ќе ги „истисне“ луѓето од професиите. Што се случува со новинарството? Знаете ли дека во Македонија веќе се генерирани првите тв-прилози со вештачка интелигенција За да откриеме како ова може да се одрази врз новинарството кај нас, прашавме новинари како ВИ може да…

Прочитај повеќе

Ученици го посетија Радио МОФ

Дваесетина средношколци од скопските училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ беа на гости во Радио МОФ. По повод Деновите на медиумска писменост, разговаравме за улогата на медиумите и како тоа ги засега нив и зошто е важно да има младински медиум кој ги адресира нивните проблеми и успеси. Сепак најинтересно им беше кај Пецо во…

Прочитај повеќе

Одржана работилницата „Препознавање и одговор на говорот на омраза“

Како да се препознае говорот на омраза? Какви мерки да се преземат за да се спречи ширењето и последиците од него? Како да се зајакнат механизмите кои ќе ја помогнат борбата против говорот на омраза ? За овие прашања денеска разговараа членките на Мрежата за борба против говорот на омраза во медиумите и на интернет…

Прочитај повеќе

Ни треба против отров од штетната употреба на социјалните медиуми

Ни треба против отров од штетната употреба на социјалните медиуми, кажаа учесниците на работилницата „Лице в лице дурбин“, која се одржа на 4 ноември во организација на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и здружението „Грит“ во просториите на Младински центар Пробиштип. На работилницата учествуваа средношколки и средношколци од Пробиштип, Злетово и Кратово кои…

Прочитај повеќе

Интерактивна дискусија на МОФ

На 30 октомври, Младински образовен форум организираше дебата на која учествуваше амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, која се сретна со младите артивисти и дебатери, членови на нашите младински клубови во Неготино. Амбасадорката имаше можност да ги види изработените фанзини – визуелни изрази полни со креативни идеи и моќни пораки поврзани со потребите на младите…

Прочитај повеќе

Денес заплови галијата во Вардар!

Како да препознаете AI-Генерирана содржина? Погледнете на линкот https://fb.watch/vFE0LKp8_L/ Видеото можеби на прв поглед ви изгледа како навистина да се случил несекојдневен настан, но ако подобро погледнете ќе можете да ги видите знаците преку кои можете да препознаете AI генерирана содржина! Твојата свесност е најважниот филтер! #ТвојатаСвесностЕНајважниотФилтер #АВМУ #ДеновиНаМедиумскаПисменост2024 Видеото е креирано за Денови на…

Прочитај повеќе

Златниот глобус нов споменик во центарот на Скопје!

Како да препознаете AI-Генерирана содржина? Погледнете на линкот https://fb.watch/vFEar4PTcN/ Не грижете се, доколку прошетате на плоштадот на главниот град, споменикот на Воинот на коњ сè уште ќе биде таму. А, содржината креирана со AI можете да ја препознаете по малите детали кои изгледаат нелогично. Твојата свесност е најважниот филтер! #ТвојатаСвесностЕНајважниотФилтер #АВМУ #ДеновиНаМедиумскаПисменост2024 Видеото е креирано…

Прочитај повеќе

Неверојатни вести! Во Крушево започна со снимање новото продолжение на хит филмот “Војна на ѕвездите”!

Како да препознаете AI-Генерирана содржина? Погледнете на линкот https://fb.watch/vFEfbMOKCF/ Иако мислиме дека Македониумот навистина би бил супер локација за снимање, сепак ова е AI генерирана содржина. Понекогаш вестите не се толку очигледни, но има неколку знаци по кои можете да препознаете содржина создадена со AI како некои нелогични изместувања во фотографиите или видеата. Твојата свесност…

Прочитај повеќе

Квиз – Дали си AI експерт?

Дали мислите дека веднаш можете да ја препознаете разликата помеѓу вистинска и содржина креирана со вештачка интелигенција? Понекогаш разликата не е толку очигледна! Кликнете на линкот и дознајте дали сте вистински AI експерт. https://forms.gle/Xom5Naoa1MQHNFUT7 Квизот е креиран за Денови на медиумска писменост 2024.  

Прочитај повеќе

Одржана јавна седница на Комисијата за жалби при СЕММ

На 1 ноември, во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, Советот за етика во медиумите СЕММ одржа јавна седница на која беа разгледани неколку жалби. На седницата присуствуваа и ученици од неколку средни училишта кои активно го следеа настанот и поставуваа прашања. Кратки видеа од јавната седница може да се погледнат на линковите: https://fb.watch/vEfhytdAAx/;…

Прочитај повеќе

(Поткаст на МОФ) Медиумската писменост може да го сочува менталното здравје на младите во дигиталната ера

Какво влијание имаат социјалните мрежи врз животот на младите? Како да се сочува менталното здравје во дигиталната ера? Како влијае медиумската писменост врз процесот на рационално користење на социјалните мрежи? На дел од овие прашања беше ставен фокусот во новиот подкаст на радио МОФ, каде водителката и новинарка Симона Паскоска зборуваше со инфлуенсерката Александра Трпеска…

Прочитај повеќе

Најава за годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост

На 4 ноември, во период од 14:00 до 15:00 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи годишниот состанок на Мрежата за медиумска писменост. Со овој настан се заокружуваат шестите по ред Денови на медиумска писменост 2024.  

Прочитај повеќе

Најава за работилница на тема „Лице в лице: Кокреираме приказни“

Во организација на Лице в лице и ГРИГ во рамки на проектот кофинансиран од Европската Унија, на 4 ноември во период од 12:30 до 14:30 часот ќе се одржи работилница на тема „Лице в лице: Кокреираме приказни“. Настанот ќе се одржи во просториите на Младинскиот центар во Пробиштип во склоп на Деновите за медиумска писменост…

Прочитај повеќе

Најава за видео прилог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“

На 4 ноември со почеток во 12:00 часот, Радио МОФ ќе организира видео прилог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“, кој ќе се одржи онлајн. Настанот може да се следи преку Facebook профилот на радио МОФ.

Прочитај повеќе

Најава за работилница на тема „Препознавање и одговор на говорот на омраза“

Во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и ОБСЕ, на 4 ноември, ќе се одржи работилницата „Препознавање и одговор на говорот на омраза“. Настанот ќе се одржи во хотел Арка, со почеток од 10:00 часот.

Прочитај повеќе

Најава за видео дискусија на радио МОФ

На 2 ноември, од 12:00 до 12:30 часот, Радио МОФ ќе организира видео дискусија на тема „Дигиталниот живот на младите“, која ќе се одржи онлајн и може да се следи на Facebook профилот на радиото. Ова е втор настан на радио МОФ во склоп на Деновите на медиумска писменост 2024.

Прочитај повеќе

Одржана работилницата „Вештачка интелигенција: можности и ризици“

Во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 31 октомври се одржи работилница на тема „Вештачка интелигенција: можности и ризици“. Работилницата беше наменета за новинари, уредници и медиумски професионалци. На настанот говореа Верена Шнајдер и Фрегор Шмалцрид, експерти од Сојузна Република Германија кои потенцираа дека вештачката интелигенција станува сè поважна со зголемената дигитализација на…

Прочитај повеќе

Одржана работилницата „Медиумската писменост и средношколците“

Во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, на 31 октомври во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржи работилница на тема „Медиумската писменост и средношколците“. На настанот учествуваа ученици и професори од средните училишта „Никола Карев“, „Кочо Рацин“ и „Јосип Броз Тито“. На работилницата говореше Тобијас Фишер од Регулаторното тело за медиуми…

Прочитај повеќе

Најава за вебинар на тема „Дезинформации на Западен Балкан: Трендови, предизвици и одговори“

Во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, Фондацијата Метаморфозис на 1 ноември ќе одржи вебинар на тема „Дезинформации на Западен Балкан: Трендови, предизвици и одговори“. Вебинарот ќе се одржи од 13:00 до 14:00 часот онлајн и на истиот може да се пристапи преку линкот https://antidisinfo.net/webinar-disinformation-in-the-western-balkans-trends-challenges-and-responses/.  

Прочитај повеќе

Најава за отворен медиумски ден во радио МОФ

Во Радио Моф во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, на 1 ноември од 10:00 до 14:00 часот ќе се одржи отворен медиумски ден. Сите заинтересирани млади имаат можност да дојдат, влезат и ѕирнат во редакцијата на Радио МОФ, да ги запознаат новинарите и уредништвото, но и да дознаат како се „готви“ новинарскиот производ.…

Прочитај повеќе

Најава за работилницата „Паметно живеење во дигиталниот свет – можности и предизвици“

На 1 ноември од 12:00 до 14:00 часот, во Europe House во Струга ќе се одржи работилница на тема „Паметно живеење во дигиталниот свет – можности и предизвици“. Настанот е во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Делегацијата на Европската Унија.

Прочитај повеќе

Најава за Отворена седница на Комисијата за жалби на СЕММ

На 1 ноември со почеток во 11 часот, Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ќе одржи отворена седница на тема „Предизвици за медиумската регулација“. Седницата ќе се одржи во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Прочитај повеќе

Новинарите во одбрана на интегритетот: потребен е сериозен чекор напред!

Медиумските дејствија во постизборниот период, новинарскиот интегритет, објективното известување и следење на процесот за време на избори, потребата за градење на капацитети во новинарството за унапредување на професијата, беа дел од темите за кои се дискутираше на денешниот настан во рамките на Неделата на медиумска писменост, кој го реализираше Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ)…

Прочитај повеќе

Потребно е интегрирање на медиумската писменост во образованието со фокус на критичкото размислување

Како се одвива воведувањето на медиумската писменост во наставните програми во основното образование и какви активности ќе се спроведуваат во средното образование беа некои од темите на конференцијата „Медиумската писменост во образованието“, што ја организираа Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Во процесот на…

Прочитај повеќе

Најава за работилница „Вештачка интелигенција: можности и ризици“

Во период од 12:30 до 14:30 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 31 октомври ќе се одржи работилница на тема „Вештачка интелигенција: можности и ризици“. Работилницата е наменета за медиумски професионалци и е организирана од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на…

Прочитај повеќе

Најава за работилница на тема „Медиумската писменост и средношколците“

На 31 октомври од 10 до 12 часот, во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи работилница на тема „Медиумската писменост и средношколците“. Работилницата е организирана од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Јавниот…

Прочитај повеќе

Најава за работилница „Медиумска лабораторија: Препознавање дезинформации и креирање медиумски содржини“

На 31 октомври од 09:30 до 12:30 часот, во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Медиумска лабораторија: Препознавање дезинформации и креирање медиумски содржини“. Работилницата е организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на Деновите на медиумска писменост 2024.

Прочитај повеќе

Одржана Панел дискусија за медиумската писменост кај младите во Собранието на РСМ

Во организација на Младинскиот образовен центар а во соработка со Клубот за младински прашања и политики, во Собранието на Република Северна Македонија на 29 октомври во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024 се одржа панел-дискусија на тема „Медиумската писменост кај младите“ Во фокус на дискусијата беше медиумската писменост кај младите и нејзината моментална состојба,…

Прочитај повеќе

Најава за активност на радио Канал 77 за ДМП 2024

Во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024, на 30 октомври радиото Канал 77 во текот на целиот ден ќе емитува програма подготвена во контекст на медиумската писменост. Активностите ќе го следат мотото „радиото ја слави медиумската писменост“.  

Прочитај повеќе

Најава за работилница „Паметно живеење во дигиталниот свет – можности и предизвици“

На 30 октомври од 12:00 до 14:00 часот, во Младинскиот центар во Кавадарци ќе се одржи работилница на тема „Паметно живеење во дигиталниот свет“. Работилницата е организирана од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Делегацијата на Европската Унија.

Прочитај повеќе

Најава за панел дискусија „Зајакнување на новинарскиот интегритет и отчетност: постизборнo медиумскo дејствување и важноста на академиите за обука на медиумски работници“

На 30 октомври, од 12.00 до 14:30 часот во просториите на АВМУ ќе се одржи тркалезна маса на тема „Зајакнување на новинарскиот интегритет и отчетност: постизборнo медиумскo дејствување и важноста на академиите за обука на медиумски работници“. Дискусијата е поделена во два панели, на едниот ќе се дискутира за почитување на интегритетот во новинарството: обезбедување…

Прочитај повеќе

Најава за „Национална конференција за медиумска писменост во образованието“

На 30 октомври со почеток во 10:00 часот во хотелот Лимак ќе се одржи Национална конференција за медиумска писменост во образованието. Конференцијата е во организација на Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. На настанот од страна на Бирото за развој на образованието, Државниот испитен…

Прочитај повеќе

Специјално издание на радиоемисијата за деца и млади „Слушнете неее! со Ноела“ посветено на медиумската писменост

И оваа година Универзитетското радио УКЛО ФМ – Битола, радио на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, подготви специјално издание на радиоемисијата за деца и млади ,,Слушнете неее! со Ноела“ посветено на медиумската писменост. Овојпат водителката Ноела Нечкоска, осмоодделенка во ОУ „Елпида Караманди“ – Битола, во 49-та епизода на емисијата истражуваше и зборуваше на темата…

Прочитај повеќе

Најава за панел дискусија „Увезени дезинформации (фокус на Олимписките игри 2024)“

Денес на вториот ден од Деновите за медиумска писменост 2024, од 14 до 15 часот во Europe House во Скопје ќе се одржи панел дискусија на тема „Увезени дезинформации (фокус на Олимписките игри 2024)“. Панел дискусијата е организирана од Делегацијата на Европската Унија.

Прочитај повеќе

Најава за работилница „Медиумска лабораторија: Препознавање дезинформациои и креирање содржини“

Во рамки на Деновите за медиумска писменост 2024 денес од 12 до 15 часот во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово ќе се одржи работилница на тема „Медиумска лабораторија: Препознавање дезинформации и креирање медиумски содржини“. Работилницата е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Прочитај повеќе

Најава за панел дискусија „Медиумската писменост и младите“

Денес во рамки на Деновите на медиумска писменост 2024, во период од 13:00 до 15:30 часот, во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи панел дискусија на тема „Медиумската писменост и младите“, организирана од Младинскиот образовен форум (МОФ) и ИРЕКС. На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието, Африм Гаши, генералната секретарка на Собранието,…

Прочитај повеќе

Отворени Деновите на медиумска писменост 2024

Скопје, 28 октомври 2024 – Под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“, почнувајќи од денес па се до 4 ноември, во организација на Мрежата на медиумска писменост, по шести пат ќе се одржат Деновите на медиумска писменост 2024. Петнаесет членки на Мрежата, и нивни поддржувачи, ќе организираат 22 настани на различни локации низ целата држава,…

Прочитај повеќе

Покана за медиуми

Скопје, 25 октомври 2024 – Со Конференцијата „Политики за медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција“, која ќе се одржи на 28 октомври во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, Мрежата за медиумска писменост го отвора шестото издание на Деновите на медиумска писменост (2024). Конференцијата почнува во 9 часот со свечено отворање на Деновите на медиумска писменост 2024…

Прочитај повеќе