Едукација за медиумска писменост во дигитално опкружување – ВЕЗ трејд

Во рамките на неодамна завршениот ЕРАЗМУС+ проект „Едукација за медиумска писменост во дигитално опкружување“ (МедиаДиги 1) што го спроведуваа Вредност на европското знаење – ВЕЗ, во партнерство со гимназијата „Utenos Adolfo Šapokos“ од Утена, Р. Литванија и „Центарот за образовна интеграција на децата и учениците од етничките малцинства“ на Р. Бугарија беа изработени и следниве два документи:

Analysis of current situation with media literacy of youth in the partner countries

Mapping of projects realized related to media literacy for youth in the partner countries

   МИМ објави два прирачника за медиумска писменост

Македонскиот институт за медиуми објави два прирачника за обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост.

Прирачникот за новинари, од авторите др. Радмила Рангелов Јусовиќ и Недим Крајишник, е наменет за обучувачи кои ќе работат и ќе предаваат медиумска и информациска писменост на деца од училиштна возраст. Прирачникот содржи препораки за организација на час во училиштата, како и конкретни теми кои се поврзани со медиумската и информациската писменост. Прочитај повеќе…

.

КРИТИНК

Онлајн прирачник „Со критичко мислење до разобличување на дезинформации“

Во рамки на проектот ,,Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк”, имплементиран од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „ЕВРОТИНК“ – Центар за европски стратегии, а финансиски поддржан од Европската Унија, изработен е прирачник за неформално образование за медиумска писменост „Со критичко мислење до разобличување на дезинформации“. Со овој прирачник се промовираат методи на неформална едукација што вообичаено се извршува надвор од класичниот образовен процес (државни училишта и универзитети), во рамките на активностите на граѓанското општество. Овој прирачник предлага разни активности што можат да се приспособат и на училишната и на воншколската средина. Секоја активност ги наведува темите, целите, траењето и потребниот материјал.

Прирачникот може да го превземете на следниов линк.

.

ВИСОКА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО

Истражување: „Медиумската писменост во Македонија: обид за импелементација во основното образование“

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Бирото за развој на образованието го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование“, со цел да се утврди како се третира овој концепт во наставните планови и програми, кои облици на стекнување знаења за медиумска писменост се користат (дидактички материјал, опрема, просторни услови и сл.) и каква е едукацијата на наставниот кадар за медиумска писменост.

Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование

Прирачник за медиумска писменост

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Институтот за различности во медиумите од Лондон го изработија „Прирачникот за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организации“. Во него се содржани корисни совети како сите овие групи можат да ја промовираат медиумската писменост.

Прирачникот за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организаци

ЗНМ

Публикации ЗНМ

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ), континуирано обезбедува препораки, прирачници, упатства, анализи, истражувања кои се однесуваат на професионално и одговорно известување на медиумите. Меѓу нив, како важни алатки за медиумите при ширењето на медиумската писменост можат да послужат:

МИМ

Истражување за образовните потреби на новинарите и за медиумската писменост на публиката

На 1 декември 2016 во Македонскиот институт за медиуми (МИМ) се одржа панел-дискусија, на која беше презентиран извештајот од „Истражувањето за образовните потреби на новинарите и за медиумската писменост на публиката“, што го спроведе тимот на МИМ, како дел од регионалниот проект „Партнерство на Југоисточна Европа за развој на медиумите.

„Истражувањето за образовните потреби на новинарите и за медиумската писменост на публиката“ е достапно на следниот линк

Конференција „Медиумската писменост и образовните потреби на новинарите и на јавноста“

На 28 и 29 март во Скопје во организација на Македонскиот институт за медиуми се одржа регионална конференција „Медиумската писменост и образовните потреби на новинарите и на јавноста“.

Конференцијата се организираше во рамки на регионалниот проект „Партнерство за развој на медиумите во Југоисточна Европа“, кој го спроведува Центарот за независно новинарство од Романија во соработка со осум медиумски организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија, а со поддршка од Европската Унија.

ДЗЛП

Прирачник за Заштита на личните податоци и медиумите

Во рамките на проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“ финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата од Европска Унија со поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци е изработен Прирачник – Заштита на личните податоци и медиумите. Истиот е достапен на следниот линк

Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет

Во интерес на заштита на детската популација од пристап кон недолични содржини и комуникации, како и од злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи, Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис, Фондација за интернет и општество и средните училишта на Град Скопје, изработија Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет.

Прирачникот може да се преземе на следниот линк:

Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет