Од 25 октомври до 1 ноември, под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, ќе се одржат четвртите по ред Денови на медиумска писменост 2022.
Во организацијата и оваа година, се вклучија поголем број членки на Мрежата и нивни поддржувачи: Македонскиот институт за медиуми, ИРЕКС, Проект на УСАИД за медиумска писменост – Младите размислуваат, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Институтот за комуникациски студии, Радио МОФ/МОФ, Коалиција Маргини, Фондацијата Метамофозис, ПИНА, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, МРТ, Институтот Макс Ван Дер Штул, Делегацијата на Европската Унија, СЕММ, Лице в лице, Мета.мк, Порталб.мк, Агенцијата за филм, кината Милениум, Синеплекс, Кинотека на РСМ и дистрибутерската куќа Катавеј.
1 Коментар