Од 22 до 29 ноември 2021 ќе се одржат третите Денови на медиумска писменост (ДМП 2021). Во текот на осум дена, под мотото „Виртуелно или реално – правилата се исти! Да бидеме медиумски писмени“ ќе се одржат низа настани посветени на градењето и развојот на критичката свесност кај децата и младите, но и кај други целни групи кои се директно или индиректно поврзани со нив. Во организацијата, и оваа година, се вклучија поголем број членки на Мрежата и нивни поддржувачи: Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС, Институтот за комуникациски студии, ПИНА, Планет-М, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Институтот РЕСИС, Универзитетот на Југоисточна Европа, Младинскиот образовен форум и Радио МОФ, Фондацијата Метаморфозис, Советот за етика во медиумите на Македонија, Конеду глобал, МРТ и Лице в лице.