Едукација за медиумска писменост во дигитално опкружување

Во рамки на проектот „Едукација за медиумска писменост во дигитално опкружување“ кој е спроведен од Вредност на европското знаење – ВЕЗ, во партнерство со гимназијата „Utenos Adolfo Šapokos“ од Утена, Р. Литванија и „Центарот за образовна интеграција на децата и учениците од етничките малцинства“ на Р. Бугарија, беа изработени пет видео спотови кои претставуваат форма на дебата, насочени кон младите и нивното сфаќање на медиумската писменост.

Главните цели на проектот се:  признавање на улогата што може да ја има образовниот систем за унапредување на медиумската писменост – способност за пристап на младите до медиумите, критичко оценување, креирање и комуницирање на медиумските содржини – во контекст на стратегиите за доживотно учење на партнерските земји; активно истражување и градење на критичко размислување од страна на наставниците и учениците за пораките што ги добиле и ги создале медиумите; зајакнување на вештините за медиумска писменост за учениците од сите нивоа.

Видеата може да ги погледнете на следните линкови:

МЕДИАПЛУС

Во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, Здружението „Медиа плус“ и Канал 77, преку аудио и видео спотови ја почнаа кампањата „Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест“. Во продолжение видео спот со рап песна изработен во рамки на овој проект.

МЕДИАТЕКА

На линков подолу се емисиите од серијалот Медиатека што го изработија МИМ и МРТ, а се емитуваше на МТВ1

ГАНИМЕД

Промотивни видеа за медиумска писменост и критичко размислување

 21.02.2019г. – Во рамки на проектот „Тема за дилема“ кој го спроведува здружение Ганимед од Битола, во изминатиот период беа снимени 7 промотивни видеа, преку кои се промовира медиумската писменост и критичкото размислување.

Видеата се од едукативен и забавен карактер, а како актери се појавуваат средношколци од седум средни општински училишта во Битола. Во наредниот период видеата ќе бидат прикажувани на програмата на националната телевизија ТВ21, која е и медиумски парнер во овој проект.

Промотивните видеа треба да придонесат да се подигне свеста за медиумска писменост и критичко размислување како кај младите така и кај општата јавност.

Видеата може да ги погледнете на следните линкови:

МИМ

Кампања на МИМ за унапредување на медиумската писменост

Македонскиот институт за медиумите продуцираше седум видео и три радио спотови во рамки на кампањата за унапредување на медиумската писменост.  Целта на кампањата е граѓаните да научат критички да ги гледаат, анализираат и проценуваат пораките коишто доаѓаат од различни медиуми, со цел подобро да се информираат и поангажирано да учествуваат во општествените процеси.

Главен лик во кампањата е доктор Драган, експерт – манипулатор, кој преку претставување на најчестите техники за манипулирање што може да ги користат медиумите, се обидува да ја поттикне публиката да ги анализира, препознава и деконструира евентуалните манипулации во медиумските содржини.

Кампањата е продуцирана во рамки на проектот „ReForMedia – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Мировниот институт од Љубљана, Словенија. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Видео и радио спотовите се достапни на:

Радио кампања за медиумска писменост спот 1 MP3

Радио кампања за медиумска писменост спот 2 MP3

Радио кампања за медиумска писменост спот 3 MP3

Реформатор

Нов ТВ серијал „Во наше име “

„Во наше име” е ТВ серијал посветен на медиумската писменост кој е реализиран од Здружението за медиумска и комуникациска култура и граѓански права „Реформатор“, а се емитува во Вестите во 20.00 часот на ТВ 24 Вести, во текот на шест саботи почнувајќи од 25 ноември 2017 година,.

Целата на е проектот е граѓаните да се запознаат со процесот на создавање медиумски содржини за да се поттикнат критички да ги следат содржините кои медиумите ги пласираат и активно да се вклучат во нивно креирање при што ќе имаат улога на контролор на медиумите. Комуникациски експерти, професори, граѓански активисти и јавни личности, зборуваат за принципите кои треба да се почитуваат при информирање на јавноста на теми како говор на омраза, заштита на лични податоци, нарушување на право на приватност, јавен интерес наспроти интерес на публиката – таблоидизација на медиумите, заштита и безбедност на децата и малолетниците на интернет и што е медиумска писменост.

Реформатор го реализира овој серијал како добитник на грант преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Досега емитуваните епизоди се достапни на:

visoka-skolaВисока школа за новинарство

Медиумската писменост преку зборовите на Медиана 

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста продуцираше пет едукативни видеа во кои се обработуваат различни сегменти на медиумската писменост. Како главен лик е избрана младата ју-тјуберка Изабела Пан (Изабела Јакимовска), која во улога на Медиана, на еден симпатичен начин ги доловува основните концепти на медиумската писменост; советува како одговорно да се однесуваме во онлајн сферата, како да се детектираат лажни вести, што е (новинарска) вест, и секако – како може да ги употребиме медиумите за да направиме позитивна промена во општеството. Видеата се наменети првенствено за младата популација, но се интересни и за пошироката јавност, бидејќи се наменети за подигнување на свеста за прашања од јавен интерес

Видеата се изработени во рамки на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што го реализира Високата школа во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија. Станува збор за следниве видеа:

Конеду Глобал
Метаморфозис

Авантурите на Јове и на албански јазик

Веќе познатите спотови на ЕАВИ за авантурите на момчето Јове, или Џек, низ медиумската писменост, се достапни и на албански јазик. Продуцирани се од страна на граѓанските здруженија Конеду глобал и Метаморфозис, со финансиска поддршка на Британската амбасада

Авaнтура во медиумска писменост – Албански 

За свесноста- Албански