Податоци од истражувањето „Мапирање на нивоата на медиумска писменост во Република Северна Македонија кај популацијата на возраст над 16 години“

Безбедносниот клуч
ретко кој го користи!

Најчест ’филтер’ за проверка на информациите за читателите (51.7%) е нивното претходно знаење за одредена информација. Вториот начин на проверка кај 44% од испитаниците е проверка на изгледот на веб страницата, а речиси 43% од испитаниците информацијата ја проверуваат и од други извори. Само една третина од испитаниците (32%) проверуваат дали доменот на веб страницата е лажен, а само 24% навеле дека проверуваат дали веб страницата поседува безбедносен сертификат.

На социјалните мрежи
лагата има долги нозе!

Негативните содржини се честа појава на социјалните мрежи. Најчесто (61%) испитаниците забележуваат конструирани и лажни информации кои се објавени поради одредени цели. Речиси 60% од испитаниците на социјалните мрежи често забележуваат навреди и омаловажувања врз верска и политичка основа, а околу 58% често или понекогаш среќаваат навреди и омаловажувања врз етничка или верска основа. 

Мнозинството
сè уште се информира
од телевизија

Најголем дел од публиката сѐ уште се информира преку телевизија, речиси 59%. Другите медиуми се помалку застапени како извор на информации. Но, речиси 36.9% од публиката се информира преку објави и коментари на пријатели на социјалните мрежи, а 27.7% од вести кои се постираат на социјалните мрежи.

Од каде
најчесто се
информирате?

Какви содржини се
забележуваат на веб
порталите?

Испитаниците често забележуваат пристрасни содржини кај веб порталите, околу 54% од нив.  Исто така значителен број испитаници (43.7%),  сметаат дека на веб порталите често се забележуваат несоодветни содржини.

Повеќето вести што се објавуваат на порталите се политички обоени

Порталите често објавуваат содржини со кои се навредуваат поединци и групи врз каква било основа (етничка, верска основа, родова, сексуална и др.)    

Телевизиите се пообјективни
кога се почитува слободата на
медиумите

Најголем процент од испитаниците (72%) сметаат дека телевизиите се објективни само кога се слободни. Околу 31% од испитаниците веруваат во информациите објавени на ТВ. Дури 68% сметаат дека телевизијата е влијателна во креирање на јавното мислење за политичките и другите општествени прашања.

Начин на
информирање

Голем процент од испитаниците сè уште ја користат телевизијата како медум од каде што се информираат, особено од домашните телевизиски станици, додека од странските телевизии се информираат многу малку. Кај помладата публика главен извор се социјалните и дигиталните медиуми. Многу често информациите се добиваат од разговори со роднини, пријатели и колеги.

Стратегија на проверка
на вистинитоста
на информациите

Многу мал процент од испитаниците истражуваат повеќе за веста или информацијата, ги споредуваат објавените прилози, а многу често и ги прифаќаат информациите од еден извор на кој му веруваат. Но, значително голем процент разговараат околу информациите со членови во семејството, пријатели и блиски луѓе за да формираат став врз основа на останатите мислења.

Користење на медиумите
за учество во јавната сфера

Општи облици на
партиципација

Испитаниците сакаат да се приклучат на група граѓани кои преку сопствена иницијатива сакаат да решат одреден проблем или прашање, но не во голем процент. Исто така, не е голем бројот на оние кои потпишуваат петиција или иницијатива  за решавање некој проблем, како ни на оние кои се приклучуваат кон мирни јавни протести или демонстрации.