Мрежата во време на Ковид-19: Поддршка од АВМУ

 

 

Имајќи ја предвид специфичната положба на медиумите во услови на прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, нивната општествено одговорна улога да информираат во овие услови како и можните последици врз нивното економско работење, Освен ова, а обезбеди финансиска помош – донација за справување со последиците од коронавирусот (COVID-19), во вкупен износ од 105.000.000,00 (сто и пет милиони) денари. Најголемиот дел од средствата или 103.000.000,00 денари се доделуваат на радиодифузерите и тоа:  73.000.000,00 денари на радиодифузерите (комерцијални и непрофитни на кои ќе им биде вратен надоместокот за дозвола за 2019 и2020 година) и 30.000.000,00 денари се доделуваат на Јавниот радиодифузен сервис „Македонска радио телевизија“. Овие средства се доделуваат за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства, за трошоци поврзани со производство, набавка и емитување на програма, за санирање на негативните последици врз нивното економското работење поради коронавирусот и овозможување нивно непречено функционирање. Освен тоа, по 1.000.000,00 денари се доделуваат на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, наменети за мерки и активности за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства и набавка на друга опрема и средства неопходни за извршување на активностите на Министерствата за превенција, спречување ширење и справување со последиците од коронавирусот.

Прочитај повеќе

Промовирани нови инфографици за медиумска писменост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуски услуги на третиот јавен состанок за 2019 година кој се одржа на 24 септември, ги промовираше новите инфографици за медиумска писменост – Зад насловите и Зад „лажните вести“. Инфографиците во оригинален формат на англиски јазик ги подготви Меѓународната организација ЕАВИ, а со цел за да станат достапни до што поголем број граѓани, Агенцијата ги отпечати на македонски и албански јазик.

Прочитај повеќе

cetvrti javen sostanok avmu

АВМУ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе работат на подигање на свеста за медиумската писменост.Скопје, 08.07.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка врз основа на кој ќе бидат преземени заеднички активности за подигнување на нивото на медиумската писменост во земјава.

Прочитај повеќе

cetvrti javen sostanok avmu 2016Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави јавен повик за истражување за медиумска писменост. Скопје, 4 јули 2019г. – Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес објави јавен повик за ангажирање на локален давател на услуги за изготвување на истражување, односно анкетен дизајн и збирки на податоци, за нивото на медиумска писменост во Република Северна Македонија во 2019 година.

Прочитај повеќе

cetvrti javen sostanok avmu

Четврти jавен состанок за 2017 година – промоција на www.mediumskapismenost.mk – Денеска, Агенцијата го одржа последниот јавен состанок за 2017 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше во изминатото тромесечие – надзорите врз радиодифузерите….

Прочитај повеќе

cetvrti javen sostanok avmu 2016Четврти јавен состанок на Агенцијата за 2016 година – Нивото на медиумската писменост кај возрасната популација во РМ . – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, вчера го одржа последниот јавен состанок за 2016 година. На почетокот, Директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше изминатото тромесечје, согласно Годишната програма за работа.

Прочитај повеќе

tret javen sostanok avmu 2015Трет јавен состанок на Агенцијата за 2015 година – Програма за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа третиот јавен состанок за 2015 година. За спроведувањето на Годишната програма за работа на АВМУ говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата кој детално ги образложи реализираните активности.

Прочитај повеќе

prv javen sostanok avmu 2014Прв јавен состанок на Агенцијата за 2014 година – Имплементација на медиумската писменост во образовниот систем на Република Македонија – Денес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврските утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржa својот прв јавен состанок.

Прочитај повеќе

debata kriticko razmisluvanje avmuДебата „Критичко разбирање на медиумите – род, млади, медиумска писменост“ – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на исполнувањето на своите законски обврски да ја поттикнува медиумската писменост и да го следи третирањето на родот во медиумите, организираше дебата насловена “Критичко разбирање на медиумите – родот, млади, медиумска писменост”, којашто беше одржана во просториите на ЕУ Инфо-центарот во Скопје.

Прочитај повеќе

rabotilnica paolo Одржана работилница за медиумска писменост – г-дин. Паоло Челот – Со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата доби обврска да презема активности за поттикнување на медиумската писменост и како резултат, во Нацрт-програмата се предвидени активности кои Агенцијата ќе ги спроведува во наредниве години во правец на подигнување и следење на нивото на медиумската писменост.

Прочитај повеќе