МИМ објави два прирачника за медиумска писменост

Македонскиот институт за медиуми објави два прирачника за обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост.

Прирачникот за новинари, од авторите др. Радмила Рангелов Јусовиќ и Недим Крајишник, е наменет за обучувачи кои ќе работат и ќе предаваат медиумска и информациска писменост на деца од училиштна возраст. Прирачникот содржи препораки за организација на час во училиштата, како и конкретни теми кои се поврзани со медиумската и информациската писменост. Прирачникот е достапен на следниот линк: https://mim.org.mk/attachments/article/1172/Priracnik%20za%20novinari-web-MCCM.pdf.

Целта на вториот е-прирачник, од авторот Стефан Јаниќ, е да им помогне на идните обучувачи по медиумска и информациска писменост во подготвувањето на нивните едукативни програми на лесен и интересен начин. Тој е наменет за претставниците на невладините организации, наставниците што сакаат да ја унапредат МИП во училиштата, но и за новинарите. За секој модул, постои листа вежби и материјали што може да се користат, при што поголемиот дел од активностите може да се приспособат на различните целни групи. Овој прирачник е достапен на следниот линк: https://mim.org.mk/attachments/article/1140/Priracnik%20za%20obucuvaci%20od%20oblasta%20na%20MP.pdf.