Промовирани нови инфографици за медиумска писменост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуски услуги на третиот јавен состанок за 2019 година кој се одржа на 24 септември, ги промовираше новите инфографици за медиумска писменост – Зад насловите и Зад „лажните вести“. Инфографиците во оригинален формат на англиски јазик ги подготви Меѓународната организација ЕАВИ, а со цел за да станат достапни до што поголем број граѓани, Агенцијата ги отпечати на македонски и албански јазик. Во едниот инфографик се прикажани насоки за препознавање на различните видови заведувачки вести, како што се вести кои се мамка за кликнување, спонзорирана содржина, пропаганда, дезинформации, измислици и слично. Во вториот инфографик е прикажана игра со едукативна содржина наменета за проверка на вестите на интернет – валидност на датумот на објава на содржината, дали се идентификувани авторите или се користат псевдоними и слично.

Инфографиците за медиумска писменост може да се преземат на следните линкови:

 

ЗАД „ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ“ 10 видови заведувачки вести

 

 

 

ЗАД НАСЛОВИТЕ игра за проверка на вестите на интернет