-
Денови на медиумска писменост 2020
Второто издание на Деновите на медиумска писменост во организација на Мрежата за медиумска писменост се одржа во периодот од 26 октомври до 2 ноември 2020 година. Во текот на ДМП 2020, сите заинтересирани граѓани имаа можност да се вклучат во активностите кои беа предвидени во овогодишната програма, а кои вклучуваа: работилници, дебати, вебинари и други он-лајн настани, фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост. Поради присутната Ковид – 19 пандемија, настаните од ДПМ 2020 беа целосно организирани и спроведени на Интернет, следејќи го примерот на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО (24 до 31 октомври). Ова беше втор пат нашата земја да се вклучи во одбележувањето на Глобалната недела во рамките на која УНЕСКО годинава упати повик до сите граѓани да се спротистават на дезинфодемијата користејќи ја медиумската писменост како моќна алатка и, без разлика каде живеат и работат во светот, да земат учество во настаните посветени на медиумската писменост. Токму затоа, мотото на ДМП 2020 гласеше „Секоја вест на тест“.
Повеќе
-
ДМП 2020: Секоја вест на тест
Во морето од информации вашето внимание може да биде лесен плен. Препознавањето на лажните вести, манипулациите и дезинформациите значи да сме медиумски писмени, што е главна цел на Мрежата за медиумска писменост.
-
ПРЕВЕДЕНА ПУБЛИКАЦИЈАТА „ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ИЗБОРНИ КАМПАЊИ“
Имајќи ја предвид тековната изборна кампања за Предвремените парламентарни избори 2020, за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамки на проектот ЈУФРЕКС, на македонски јазик е преведена публикацијата
„Дезинформации и изборни кампањи“. Публикацијата е објавена на 9 јули 2020 година и истата содржи преглед на состојбата со дезинформациите од технички и од политички аспект, препораки и мерки за справување со нив. Проектот е дел од „Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција II“ на Европската Унија и Советот на Европа.
-
ПРЕВЕДЕНА ПУБЛИКАЦИЈАТА „АЛГОРИТМИ И ЧОВЕКОВИ ПРАВА“
Имајќи го предвид брзото темпо на технолошките промени, развојот на техниките за автоматска обработка на податоци (алгоритмите) и нивното влијание врз човековите права, на барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамки на проектот ЈУФРЕКС, на македонски јазик е преведена публикацијата на Советот на Европа
„Алгоритми и човекови права“.
Публикацијата е објавена на 31 јули 2020 година и истата се стреми сеопфатно да се осврне на сите аспекти поврзани со влијанието на алгоритмите врз човековите права, туку има за цел да прикаже дел од најважните актуелни прашања од гледна точка на човековите права за Советот на Европа, како и да разгледа евентуални регулаторни алтернативи за кои земјите-членки може да размислат за да ги сведат негативните ефекти на минимум или за да поддржат добри практики.
-
Дали домашните медиуми различно информираат за едни исти настани?
Голем дел од публиката не е задоволна како информираат домашните медиуми во целина, а најголема недоверба има кон домашните телевизии и информативните портали.
И натаму најголем дел од публиката најчесто се информира од ТВ, но за младите од 16-29 години главен извор се постовите и коментарите на социјалните мрежи (53,5% секој ден или речиси секој ден се информираат вака).
72.1% сметаат дека ТВ треба да се слободни и независни, но само 31.5% им веруваат на ТВ вестите
Извор: Мапирање на нивоата на медиумска писменост кај популацијата 16+ (2019 г.)
-
Кога забележуваат суштински разлики во информирањето, луѓето најчесто ги проверуваат информациите низ разговори со блиски луѓе (51,9%), а само 20,5% самостојно бараат други релевантни извори.
-
Активности на интернет (секој ден)
Младите генерации имаат далеку повеќе дигитални вештини од повозрасните. Вештините поврзани со функционалната писменост им недостигаат на сите групи
Извор: Мапирање на нивоата на медиумска писменост кај популацијата 16+ (2019 г.)
-
Користење на апликациите за допишување и разговори (социјални релации)
Интерперсоналната комуникација се одвива особено преку апликациите за допишување и разговори, посебно меѓу помладите возрасни групи.
Извор: Мапирање на нивоата на медиумска писменост кај популацијата 16+ (2019 г.)
-
Што се гледа на Јутјуб
7.7% имаат свои омилени Јутјубери
Извор: Мапирање на нивоата на медиумска писменост кај популацијата 16+ (2019 г.)
-
Извор: Мапирање на нивоата на медиумска писменост кај популацијата 16+ (2019 г.)
-
Младите како активни граѓани –
аспекти на нивото на медиумска писменост кај населението од 16 до 39 години
Извор: Мапирање на нивоата на медиумска писменост кај популацијата 16+ (2019 г.)
-
Младите како активни граѓани –
аспекти на нивото на медиумска писменост кај населението од 16 до 39 години
Извор: Мапирање на нивоата на медиумска писменост кај популацијата 16+ (2019 г.)
-
Младите како активни граѓани –
аспекти на нивото на медиумска писменост кај населението од 16 до 39 години
Извор: Мапирање на нивоата на медиумска писменост кај популацијата 16+ (2019 г.)