Одговор од Алијансата за медиумска и информациска писменост на COVID-19

 

Глобалната алијанса за партнерства за медиумска и информациска писменост (ГАПМИЛ), оцени дека ширењето дезинформации и лажни информации е исто како и болест – проблематични појави кои можат да бидат заразни, ризични и, во време на пандемија – прашање на живот или смрт. Затоа, УНЕСКО и членките на ГАПМИЛ обезбедија Одговор за справување со инфодемијата кој опфаќа серија вебинари, размена на корисни материјали, поддршка за краудсорсинг за МИЛ активности против Ковид-19, насоки, образовни ресурси, кампања на младинските амбасадори, комуникација преку МИЛ Кликс итн. Сите информации се достапни на следниов клик. Македонската Мрежа за медиумска писменост е активна членка на ГАПМИЛ од лани и е дел од актуелниот Одговор на Ковид-19. Така, во моментов, на листата со ресурси се наоѓаат и Насоките за безбедно и професионално известување за коронавирусот на ЗНМ и СЕММ. Повеќе…

Предвидените бесплатни вебинари опфаќаат различни МИЛ теми, и се отворени за луѓе на сите возрасти:

23 април, 16:00-16:45 часот (по париско време), вебинар со младински амбасадор на ГАПМИЛ

Тема: „Млади, информации и КОВИД-19“

30 април, вебинар со експерт од ГАПМИЛ

Тема: „МИЛ одговор на инфодемијата“

7 мај, вебинар со експерт од ГАПМИЛ

Тема: „ МИЛ родителство “

14 мај, вебинар со младински амбасадор од ГАПМИЛ

Тема: „Случаи со ангажирање на млади за справување со дезинформации за КОВИД-19“

21 мај, прашања и одговори преку Твитер со експерт од ГАПМИЛ

Тема: „МИЛ и КОВИД-19“

Вебинарите ќе се одржат на MIL CLICKS Facebook страницата: https://www.facebook.com/MILCLICKS/

За да се информирате за времето на одржување на вебинарите, редовно проверувајте ги страницата со Одговорот од ГАПМИЛ или МИЛ КЛИКС

Со оглед на фактот дека листата е отворена –сите членки на Мрежата кои планираат или сакаат да организираат вебинари на теми поврзани со МИЛ и КОВИД-19, можат да се пријават.

МИЛ КЛИКС е иновација на социјалните медиуми предводена од УНЕСКО. МИЛ КЛИКС е начин како луѓето – особено младите – да се стекнуваат со компетенции за медиумска и информациска писменост (МИЛ) при нивната вообичаена секојдневна употреба на Интернет и социјалните медиуми, како и за да се вклучат во меѓуврсничко образование во атмосфера на пребарување, играње, поврзување, споделување и дружење. Повеќе информации на https://en.unesco.org/MILCLICKS

Различните компоненти на Одговорот на Алијансата за МИЛ на КОВИД-19 може слободно да се користат.