Мрежата во време на Ковид-19: Сериозност и одговорност кај медиумите 

Јавниот радиодифузен сервис МРТ емитува специјална програма „ТВ училница“ наменета за полесно совладување на програмите за учениците во услови на прекин на и  спроведувањето на редовната настава во училиштата. Воедно, МРТ1 во рамките на утринската програма “Македонија наутро” секојдневно информира за пандемијата и ги разобличува дезинформациите во врска со пандемијата.

Исто така, приватните медиуми – членки на Мрежата – вложија дополнителни напори за да ги покриваат темите за Ковид-19 навремено и професионално, било преку давање повеќе простор за информрање од релевантни извори во рамки на нивната редовна програмска шема (како во случајот на Радио Канал 77), било преку воведување целосно нови програми (како комановската локална ТВ Плус која воведе програма во живо Студио +) посветени на интервјуа со релевантни личности, пренесување информации од веродостојни извори, бесплатно емитување на едукативните видеа од МЗ и коминикација со граѓаните.