Мрежата во време на Ковид-19: Посебен сајт против дезинформации и манипулации

Тимот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ во синергија со другите проекти на Метаморфозис – сервисот за проверка на факти Vistinomer.mk, регионалната иницијатива за борба против прекуграничните десинформации на Балканот водена од Новинската агенција Meta.mk и новинскиот портал на албански јазик Portalb.mk, ги фокусираа своите напори на промовирање критичко мислење и медиумска писменост преку разоткривање на напливот од дезинформации имедиумски манипулации поврзани со пандемијата од КОВИД-19, како и на тоа да ги направат подостапни за граѓаните потврдените информации на здравствени теми од официјални извори и од СЗО. Вистиномер е сертифициран член на Межународната мрежа за проверка на факти (IFCN) и е директно вклучен во нејзините напори за справување со ова прашање на глобално ниво.

За да имобезбеди на граѓаните во  Северна Македонија лесен пристап до сета содржина за дезинформациите и манипулациите за коронавирусот, Метаморфозис воспостави оосебна страница на македонски (https://crithink.mk/dezinformaczii-i-manipulaczii-za-noviot-korona-virus-kovid-19/) и на албански јазик (https://crithink.mk/sq/pasqyre-e-dezinformatave-dhe-manipulimeve-per-koronavirusin-e-ri-kovid-19/) како јавен извор која е постојано ажурирана со линкови до нови информации и образовни содржини. КриТинк го спроведуваат Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк со финансиска поддржка од Европската унија, а Вистиномер и регионалните напори за борба против дезинформации се поддржани од National Endowment for Democracy.