Мрежата во време на Ковид-19: Поддршка од АВМУ

Имајќи ја предвид специфичната положба на медиумите во услови на прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, нивната општествено одговорна улога да информираат во овие услови како и можните последици врз нивното економско работење, Освен ова, а обезбеди финансиска помош – донација за справување со последиците од коронавирусот (COVID-19), во вкупен износ од 105.000.000,00 (сто и пет милиони) денари. Најголемиот дел од средствата или 103.000.000,00 денари се доделуваат на радиодифузерите и тоа:  73.000.000,00 денари на радиодифузерите (комерцијални и непрофитни на кои ќе им биде вратен надоместокот за дозвола за 2019 и2020 година) и 30.000.000,00 денари се доделуваат на Јавниот радиодифузен сервис „Македонска радио телевизија“. Овие средства се доделуваат за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства, за трошоци поврзани со производство, набавка и емитување на програма, за санирање на негативните последици врз нивното економското работење поради коронавирусот и овозможување нивно непречено функционирање. Освен тоа, по 1.000.000,00 денари се доделуваат на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, наменети за мерки и активности за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства и набавка на друга опрема и средства неопходни за извршување на активностите на Министерствата за превенција, спречување ширење и справување со последиците од коронавирусот.

Освен ова, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги редовно ги праќа едукативните видеа од Министерството за здравство поврзани со фактите за и заштитата од вирусот до сите радиодифузери за тие за да ги емитуваат бесплатно.

Воедно заедно со сетот мерки АВМУ ги повика сите медиуми да известуваат професионално и одговорно и да и обезбедуваат на јавноста точни, навремени и објективни информации така што ќе го пошитуваат законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и ќе се придржуваат кон Насоките за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19) на СЕММ  и  на ЗНМ.