Мрежата во време на Ковид-19: Бесплатни филмови за деца и возрасни

Најновата членка на Мрежата, Планет-М, во соработка со платформата за видео по барање Cinesquare.net овозможи децата и тинејџерите од Македонија и уште други 12 земји од Балканот бесплатно да гледаат 40 филмови на платформата во сегментот наречен KidSqare.

Потребно е само детето да се регистрира со својот и-маил и пасворд на www.cinesquare.net/#/kidsquare или на Андроид апликацијата Cinesquare  која е достапна на Google Play, a наместо да плати, го внесува кодот: GFF_Kids

Cinesquare (www.cinesquare.net) покрена кампања #StayHome и овозможи бесплатен пристап до филмови и за повозрасните (повеќето филмови се за 13+ и 16+, а има и десетина означени како 18+).