На 25 април 2023 година се одржи промоцијата на „Дигиталниот свет на генерација алфа – Водич за медиумска писменост за родители и старатели на деца од 5 до 10 години“, кој се реализираше во рамки на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“, спроведен од ИРЕКС во партнерска соработка со МОФ.
Радио МОФ веќе правеше подкаст со авторките на документот, кои објаснија дека генерацијата Алфа се децата родени по 2010 година, но она што ги разликува од другите е дека се првата вистинска генерација на деца од 21 век која е родена во целосно дигитално опкружување, а токму технологијата со која се опкружени прави да размислуваат поинаку од другите генерации.
Водичот за медиумска писменост за родители и старатели е достапен на линкот