Денови на медиумска писменост 2019

 

Во организација на Мрежата за медиумска писменост, од 22 октомври до 15 ноември  2019 година, ќе се одржат Денови на медиумската писменост. На овој начин, нашата земја се вклучува во одбележувањето на осмата Глобална недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, која ќе се одвива од 24 до 31 октомври. Во текот на 4 седмици, македонските граѓани ќе имаат можност да се вклучат во триесетина работилници, дебати, вебинари, отворени денови и други настани фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост

Целта на Деновите на медиумската писменост, кои ќе се одржат под мотото: „ЗАСТАНИ, РАЗМИСЛИ, ПРОВЕРИ!“, е да се подигне јавната свест за важноста на медиумската писменост; со неа да се запознаат различни категории граѓани од сите возрасни групи, така што ќе се овозможи деца, млади, возрасни и пензионери да се стекнат со вештини за медиумска писменост; да се обезбеди платформа за соработка, размена на искуства и развој на одржливи проекти за медиумската писменост помеѓу професионалците кои доаѓаат од различни општествени сектори на делување: јавни, приватни, државни, владини, невладини организации, индивидуалци и медиуми, од Скопје, но и од други градови во земјата.

Програма на Деновите на медиумска писменост

22.10.2019 (11:00 – 12:00) Прес – конференција со сите учесници, Место: Прес центар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

24.10.2019 (14:00 – 14:30) Видео – дискусија: „Борба со дезинформации – реалност или празни ветувања?“, Место: Студио на Радио МОФ – Скопје, во организација на Младинскиот образовен форум

25.10.2019 (11:00 – 13:00) Отворена седница на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите, Место: АВМУ, во организација на Совет за етика во медиумите

29.10.2019 (09:00 – 12:00) Работилница за препознавање лажни вести и дезинформации со жени, Место: Холидеј Ин – Скопје, во организација на Институт за комуникациски студии

(11:00 – 13:00) Дебата: Саморегулација во медиумите – состојби, предизвици и можности, Место: Тетово, во организација на Совет за етика во медиумите

(13:00 – 16:00) Работилница за препознавање лажни вести и дезинформации со пензионери, Место: Холидеј Ин – Скопје, во организација на Институт за комуникациски студии

30.10.2019 (11:00 – 16:00) Отворена обука со претставници на граѓанскиот сектор, Место: Граѓански ресурсен центар – Скопје, во организација на Метаморфозис и ЕвроТинк

Медиумски ден за средношколци, Место: Медиуми во Скопје, Струмица, Куманово и Битола, во организација на Институтот за комуникациски студии

31.10.2019 и 01.11.2019 (10:30 – 12:00 и 12:30 – 14:00) Отворен ден во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Место: АВМУ, во организација на АВМУ

04.11.2019 (12:00 – 14:00) Презентација на „ Извештајот од мониторингот: Родовиот баланс во известувањето кај медиумите во државава“, Место: АВМУ, во организација на ЖГИ Антико

05.11.2019  Работилница со средношколци, Место: СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, во организација на Вредност за европско знаење

(19:30) Доделување на наградата „Медиум промотер на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“, Место: Јавна Соба – Скопје, во организација на Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници

06 и 12.11.2019 (09:30 – 12:30) Работилници за препознавање лажни вести и дезинформации со средношколци, Место: СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје, во организација на Институт за комуникациски студии

13.11.2019 (11:00 – 13:00) Локални настани со субгрантистите од проектот „КриТинк“, Место: 8 градови, во организација на Метаморфозис и ЕвроТинк

(13:00 – 15:00) Тркалезна маса: „Предизвици за младите новинари во ера на дезинформации“, Место: Клуб на новинари – Скопје, во организација на Младинскиот образовен форум

14.11.2019 (09:30-16:00) Конфереција: Денови на медиумска писменост 2019 прв ден, Место: Простории на АВМУ – Скопје, Резултати од истражувањето за нивото на меидумска писменост кај возрасните (16+), во организација на АВМУ и ОБСЕ, Критичко размислување и навиките на информирање кај младите, во организација на Метаморфозис и ЕвроТинк,  Дебата „Ај на кафе во живо“: „Младите и консумеризмот“, во организација на Институтот за комуникациски студии, Работилница за медиумска писменост со политички подмладоци, во организација на Институт Охрид

15.11.2019 (09:30-16:00) Конфереција: Денови на медиумска писменост 2019 втор ден, Место: Простории на АВМУ – Скопје, Состанок на Мрежата за медиумска писменост, Панел дискусија, во организација на Македонскиот Институт за медиуми, Саем на медиумска писменост, Панел дискусија, во организација на Метаморфозис и ЕвроТинк и Донаторска координација

Вебинари:

24.10.2019 (11:00 – 13:00) Безбедност на интернет, во организација на Метаморфозис и ЕвроТинк

29.10.2019 (11:00 – 13:00) Борба против говор на омраза на социјалните мрежи, во организација на Метаморфозис и ЕвроТинк

31.10.2019 (11:00 – 12:00) Провери, па објави, во организација на Институтот за комуникациски студии

08.11.2019 (11:00 – 12:00) Алгоритмите зад вестите, во организација на Институтот за комуникациски студии

Во реализацијата на Деновите на медиумска писменост активно се вклучија следниве членки на Мрежата за медиумска писменост: Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Конеду Глобал, Советот за етика во медиумите на Македонија, Евротинк, Фондацијата Метаморфозис, Институтот Охрид, Младинскиот образовен форум, ВЕЗ – Вредност за европско знаење, Лице в Лице и јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија, како и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Женската граѓанска иницијатива Антико.

* Мрежата беше промовирана на 27 април 2017 година, во моментов има 53 членки и тоа јавни институции и министерства, граѓански организации, образовни установи и медиуми и е континуирано отворена за нови членови. Покрај зајакнување на граѓаните, важен аспекти на Деновите на медиумска писменост е и јакнењето на Мрежата, преку нејзиното структурирање на начин кој ќе овозможи поголема динамичност на интеракциите, истовремено задржувајќи ги принципите на демократичност и еднаквост по кои таа функционира, како и подобрување на видливоста на проектите на нејзините членки.