ДВД-то насловено „Информации, видеа и други документи за МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ“ e првиот проект на дел од членките на Мрежата.  Наменето е за основните училишта во Македонија. Неговата дистрибуција е одобрена од Бирото за развој на образованието, а се реализира со помош од Министерството за образование.

Заедно со ДВД-то, до основните училишта е испратен и леток насловен „За медиумската писменост“  изработен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги АВМУ. Во него на едноставен јазик се даваат одговори на прашањата: Што е тоа медиумска писменост?, За кого е важна таа?, На кои медиуми се однесува?, Зошто е важна? и Како критички да се оценуваат медиумските содржини?

 

 

 

МАМИЛ избран меѓу најдобрите 10 проекти за медиумска писменост во Европа

Европската комисија го избра проектот МАМИЛ на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста како еден од 10те најдобри проекти за медиумска писменост во Европа за 2019 година.

На 19ти март во Брисел претставници на Високата школа ќе ги презентираат своите активности со кои ја промовираa медиумската писменост, со што ќе се обидат да освојат една од трите престижни награди што ги доделува Европската комисија: награда за најиновативен проект за медиумска писменост; награда за наједукативен проект за медиумска писменост; и награда за проект со најголем потенцијал за промоција на медиумската писменост.

Прочитај повеќе…

СВЕТСКИ ДЕН НА РАДИОТО ПОСВЕТЕН НА ДИЈАЛОГОТ ТОЛЕРАНЦИЈАТА И МИРОТ

По повод „Светскиот ден на радиото“, УНЕСКО ги повикува радио станиците да работата на промовирање на мирот преку дијалог и учество, како и за надминување на различностите преку здружување за заедничките предизвици за кои се загрижени сите. Оваа година, на 13 февруари 2019 година (среда) под покровителство на УНЕСКО меѓународно ќе се прославува 8-то издание на Светскиот ден на радиото под мотото: “Дијалог, толеранција и мир”. Ова мото ги обединува следните под-теми: Промовирање на мирот преку дијалог и учество; и Надминување на различностите преку здружување за заедничките предизвици за кои се загрижени сите.

Овој ден означува време кога луѓето од целиот свет го слават радиото и неговиот придонес во нашето живеење, бидејќи тоа информира, образува и обединува. Ги обединува луѓето и заедниците од сите средини за да поттикне позитивен дијалог за промени. Радиото, според УНЕСКО е „совршен медиум кој овозможува да се застане наспроти повиците за насилство и ширењето на конфликти, особено во регионите кои се потенцијално поекспонирани на такви реалности“. Радио програмите кои обезбедуваат платформа за дијалог и демократска дебата за прашања, како што се миграцијата или насилството врз жените, можат да помогнат да се подигне свеста кај слушателите и да се поттикне разбирање за нови перспективи во отворање на патот за позитивни активности.

Радиото исто така може да изгради толеранција и да ги надмине разликите што ги одделуваат луѓето со тоа што ќе ги обединат за заеднички цели, како што се обезбедување на образование за децата или решавање на локалните здравствени проблеми. На службената страница посветена на Светскиот ден на Радио 2019, поставени се информации со идеи за обележување на овој ден и бројни материјали достапни за преземање и слободно користење. Ве повикуваме да се придружите и на Светскиот ден на радиото 2019, да го прославиме влијанието на радиото во потрагата по помирен и толерантен свет. Доколку организирате посебен настан или програма која кореспондира со темата, пожелно е тоа да го пријавите на веб страницата: www.worldradioday.org, а за да добиете подетални информации можете да се регистрирате на: http://eepurl.com/bH77oj.

 ВИСОКА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО 

 

 

Медиумската писменост недоволно се изучува во основното образование

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста рамките на тригодишниот проект на „Коалиција за медимска писменост“ организираше конференција на тема „Медиумската писменост во образованието – предуслов за учество на младите во општествените и политичките процеси во Македонија“, која се одржи на одржана на 18.12.2018 г. во Скопје.

На настанот учествуваа 100тина ученици, професори, наставници, граѓански активисти кои беа дел од средношколскиот весник „Медиум“ и Коалицијата за медиумска писменост, претставници на БРО и МОН.

Повеќе информации на овој линк

Медиа Плус

 

Анализа за медиумската писменост кај младите во рамки на проектот „Медиумски писмен граѓанин – За чест без стрес најди ја вистинската вест

Здружението Медиа плус – Штип во рамките на проектот за медиумска писменост кој се реализира со поддршка од Метаморфозис, а во соработка со радио Канал 77, објави Анализа базирана на анкети спроведени во повеќе градови од истиочниот дел на земјата.

Иако за медиумска писменост се учи уште во трето одделение, барем така тврдат надлежните, сепак добар дел од граѓаните, пред се’ младите се медиумски неписмени. Според анкетите што ги направи Канал 77 во три градови во источниот дел на Македонија, делумно се потврдува тоа – покажува Анализата.

Повеќе иформации на овој линк

Ганимед

Битола ја одбележа неделата на медиумска писменост 

Во рамки на проектот „Тема за дилема“, а како дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумкса умешност – КритТинк“, од 5 до 9 ноември 2018 година, за првпат со голем број активности во Битола, беше одбележана недела на медиумска писменост. Главниот акцент на овој проект реализиран од здружението Ганимед од Битола заедно со медиумскиот партнер ТВ 21, беше ставен на слободата на медиумите, слободата на изразување и медиумската умешност како критичко мислење кај младите.

Проектот започна со работилници за средношколците, продолжи со квиз натпревар, а за време на медиумкста недела беше распишан и конкурс на тема „Медиумска писменост и критичко размислување“, во две категори: постер со најдобар слоган и постер со најдобар цитат. Повеќе информации на овој линк

КриТинк – ААВМУ

 

 

Грантисти од проектот „КриТинк“ во посета на Агенцијата

Скопје, 05.11.2018г. –  Грантистите од програмата за мали грантови на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, организиран од Фондација Метармофозис и Еуротинк – Центар за европски стратегии, на 2 ноември ја посетија Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Претставниците на граѓанските организации имаа можност да се запознаат со надлежностите на Агенцијата и нејзиното секојдневно работење, проектите од поширок јавен интерес и можноста за поднесување претставки за работењето на радиодифузерите, печатените медиуми и кабелските оператори. Прочитај повеќе…

ГАНИМЕД

 

 

Работилници со средношколци од седум средни училишта од Битола во рамки на проектот „Тема за дилема“

Во рамки на проектот „Тема за дилема“ на 22 октомври 2018 година во Битола, започнаа да се реализираат работилници со средношколци од седум средни училишта од Битола. Работилниците предвидуваат медиумско описменување на околу 140 битолски средношколци, проширување на нивното формално образование и најважно од сè зголемување на свеста во контекст на критичкото мислење и селекција на медиумските содржини.

Проектот го реализира Здружението ГАНИМЕД од Битола со медиумскиот партнер ТВ21 и е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој е спроведуван од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии. Проектот е финансиран од Европска Унија. Прочитај повеќе…

МИМ-АВМУ 

 

 

Одржана работилница на тема „Зајакнување на Мрежата за медиумска писменост на Р. Македонија преку размена на искуства

На 21 септември 2018 година, Македонскиот институт за медиуми во соработка со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одржа работилница на тема  „Зајакнување на Мрежата за медиумска писменост на Р. Македонија преку размена на искуства“. Целта на настанот беше да се пренесат искуства за стратегиите и активностите потребни при планирање проекти за медиумска писменост, како и добри практики произлезени од соработката меѓу релевантните чинители, со осврт на примерот на Република Ирска, кадешто функционира мрежа за медиумска писменост и овој концепт има голема поддршка од институциите и од општеството.

Прочитај повеќе …

 

visoka-skolaВисока школа за новинарство

Доделени наградите на конкурсот „Изрази се преку медиумите“

На конкурсот „Изрази се преку медиумите“ на тема „Би сакал/а во мојата општина да …“ првата награда ја освоија група ученици од СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово, втората му припадна на Стефан Митиќ од гимназијата „Орце Николов“ од Скопје, а третата ја доби Берат Ахметај од СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје.

Наградите беа доделени на 10 мај 2018, а конкурсот беше организиран од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“.

Прочитај повеќе…

Македонски институт за медиуми

Ефикасна саморегулација и медиумски писмени граѓани за одговорно комуницирање онлајн

Поттикнување на критичкото размислување и медиумската писменост кај корисниците на социјалните мрежи, подигнување на политичката култура на комуницирање, ефективна и независна саморегулација онлајн и доследна примена на законите се некои од предлозите во однос на решавањето на проблемите во комуникацијата во интернет-просторот, што беа истакнати на конференцијата „Права и обврски при комуницирање на Интернет“, одржана на 26 април 2018 година.

Настанот го организираше МИМ во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и на Советот на Европа, со наслов „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“.  Повеќе информации на линкот https://mim.org.mk/mk/novosti/1087-efikasna-samoregulacija-i-mediumski-pismeni-gragjani-za-odgovorno-komuniciranje-onlajn

visoka-skolaВисока школа за новинарство

Конференција „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“

На 22 февруари 2018 година во Скопје, се одржа конференцијата „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“, на која се потенцираше потребата од континуирани обуки на наставниот кадар во основните и средните училишта. Настанот беше организиран од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите (ИРМ) од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“.

Повеќе информации за конференцијата на следниот линк: http://medium.edu.mk

Младински Форум

Во фокусот на „Младинска медиумска писменост“се младите луѓе чија свест за медиумска писменост е непостоечка или на ниско ниво, но имаат интерес да земат учество во квалитетно споделување на нивните ставови и идеи, како и да известуваат за настани и случувања  чија крајна цел е да предизвикаат општествена промена.

Проектот „Младинска медиумска писменост“  ќе овозможи три викенд обуки за 60 млади од Скопје, Велес и Тетово и една обука за граѓански организации кои ќе резултираат со продукција на едукативни содржини за слобода на изразување кај младите од маргинализираните заедници, без разлика на пол, етникум, социјален статус и сексуален и родов идентитет. По реализацијата на обуките, учесниците низ процес на менторство ќе работат на креирање на медиумски производи.

 

Линкови

http://www.nms.org.mk/mk/neevest-povik-za-uchestvo-na-rabotilnici-za-mediumska-pismenost/

http://www.medium.edu.mk/inicijativi-vesti/490-semm-uvazhi-sedum-zhalbi-za-neetichko-novinarstvo-inicirano-od-srednoshkolci

http://www.medium.edu.mk/inicijativi-vesti/489-mladinska-mediumska-pismenost-vo-skopje

http://medium.edu.mk/inicijativi-vesti/487-video-mladinska-mediumska-pismenost-vo-veles

http://www.mladi.mk/kategorii/obrazovanie/neevest-povik-za-uchestvo-na-rabotilnici-za-mediumska-pismenost/

https://www.youtube.com/watch?v=RBTCQnCPATI

https://www.youtube.com/watch?v=49wwlVQYxhs

https://www.youtube.com/watch?v=eaVuyZQrlvA&t=139s

 Македонскиот институт за медиуми  

Препораки за интегрирање на концептот на медиумската писменост во различни општествени сфери

На 13 и 14 ноември 2018 година, Македонскиот институт за медиуми организираше студиска посета за претставници од Македонската мрежа за медиумска писменост на Ирската мрежа за медиумска писменост во Даблин, Република Ирска.

На студиската посета учествуваа претставници од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија, МИМ, Институтот за комуникациски студии, како и од граѓанските организации „Метаморфозис“ и „Конеду глобал“.

Публикацијата со препораки за интегрирање на концептот на медиумската писменост во различни општествени сфери (прикачена во прилог) е резултат на информациите, искуствата и знаењата што беа стекнати во текот на посетата во Ирска, како и на предлозите на учесниците на студиската посета на состанокот одржан во МИМ.

МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ 

Одржана тркалезната маса „Предизвиците и проблемите на младите новинари“

На 20ти февруари 2019 година, во Клубот на новинари се одржа тркалезната маса „Предизвиците и проблемите на младите новинари“, во рамки на Проектот за младинско изразување финансиран од Европската Унија, а во организација на Радио МОФ и Младински образовен форум.

Прочитај повеќе…

 ВИСОКА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО 

 

 

МЕДИУМ – Средношколски весник

По четврти пат, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го организираше Медиумскиот ден за средношколците од Македонија. Вкупно осум медиуми: дневниот весник Нова Македонија, МРТ1 Промо, TV21, TERA TV (Битола) и ТВ Плус (Куманово), ТВ Вис Струмица, Makfax и Радио МОФ беа домаќини на над 130 ученици од Скопје, Дебар, Валандово, Богданци, Кавардарци, Велес, Битола, Куманово, Св. Николе. Учениците можеа од своите домаќини новинари да дознаат повеќе детали за функционирањето на различни информативни редакции и медиуми, да дискутираат за новинарската професија, но и да дознаат повеќе за професионалните новинарски стандарди.

Повеќе информации на овој линк

Здружение Диверзити Медиа 

 

 

Медиумската писменост на пиедестал во Алсат-М

Алсат-М ТВ беше домаќин на работилница за медиумска писменост за свои вработени во рамките на проектот „КриТинк“ финансиран од Европската Унија. На „ин-хаус“ обуката што ја реализира тим на Диверзити Медиа учествуваа новинари и водители на емисии, а на неа се зборуваше за претпазливост за говорот на омраза, особено за тоа како се пренесуваат вести и информации. Исто така беше ставен акцент на опасност од „лажните вести“ кои се преземаат од други медиуми. Учесниците даваа свои мислења и искуства како се справуваат со овие негативни појави коишто влијаат на кредибилитетот на новинарството особено за тоа колку е важно информациите да се верифицираат пред да бидат пласирани во јавноста.

Повеќе информации на овој линк

MIM

 

 

Студиска посета за градење капацитетите на Мрежата за медиумска писменост на Македонија

На 13 и 14 ноември, МИМ организираше студиска посета за претставници од Мрежата за медиумска писменост од Македонија на Ирската мрежа за медиумска писменост во Даблин, Република Ирска. Целта на посетата беше размена на знаење, искуство и практики меѓу релевантни претставници на двете мрежи и беше организирана во рамки на проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“. Повеќе информации на овој линк

Ганимед

 

Конкурс за средношколците во Битола на тема Медиумска писменост и критичко размислување

Здружението ГАНИМЕД од Битола во изминатите две недели успешно ги спроведе седумте работилници, предвидени за 140 битолски средношколци од 7 училишта од Битола. Последната работилница се одржа на 1 ноемрви 2018 година заедно со дваесет ученици од СОЗУ „Кузман Шапкарев“. Главна цел на овие работилници е неформална едукација на младите средношколци за медиумска писменост, преку стимулирање на критичко мислење, плурализам на ставови и ширење на демократски вредности.

Прочитај повеќе…

ИКС

 

 

ИКС ја најавува Неделата против лажните вести од 12ти до 18ти ноември 2018г.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост“ на МИМ, ИКС, ССНМ и МДИ од Лондон, подготвува серија обуки, дебати, онлајн квизови и видеа, како дел од Недела против лажните вести, која ќе се одржи во период од 12ти до 18ти ноември 2018г.

Активностите имаат цел да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата која лажните вести, манипулациите и дезинформациите, ја нанесуваат на целото општество.

КриТинк

 

 

Воведна средба со грантистите од програмата за мали грантови на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“

Во склоп на програмата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, на 19 октомври 2018 година во Граѓанскиот ресурсен центар Скопје, се одржа воведна средба за грантистите. Во рамки на средбата, шесте грантисти од шест различни плански региони во Македонија, преку презентирање на своите проекти, имаа прилика да ја запознаат јавноста со истите, како и да разменат идеи за понатамошното спроведување на активностите.

Дополнително, средбата беше искористена за обука на која на грантистите им беа дадени насоки за раководење на проектите, за планот за мониторинг и евалуација на имплементираните активности, како и за начинот на кој ќе ги направат своите проекти видливи за пошироката јавност.

Прочитај повеќе…

 

КриТинк 

КриТинк – проект за медиумска писменост со повик за мали грантови

На 1 јуни се одржа почетниот настан на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ на Фондацијата Метаморфозис и Евротинк, кој ќе се спроведува во наредните 3 години, со поддршка од Европската Унија. Целта е да се поттикне соработката на полето на развој на критичко мислење и медиумска писменост во духот на отвореност и соработка на сите засегнати страни. При тоа беше најавен првиот повик за 16 мали грантови, во износ од 5-7000 евра по грант, за кој можат да се пријават граѓански организации. Пријавувањето трае до 6 јули 2018 г. до 17 ч. исклучиво online преку формуларот за аплицирање достапен на официјалната интернет страница на овој проект

Прочитај повеќе…

 

СТРЕТ

„Ученици од Македонија, Хрватска и Литванија собираа средства преку тивка аукција на фотографии со филантропски пораки “

Скопје, 7-ми мај, 2018 – Во петокот (4-ти мај) во Иновацискиот Центар-Телеком се одржа СТРЕТ Гала настанот за прибирање на средства преку тивка аукција на фотографии. Посетителите се наддаваа за ученичките фотографии од Скопје, Ријека и Радвилишкис кои беа дел од кампањата „Добрината е насекаде околу нас, треба само да ја препознаеме“. Вкупната сума која се оствари од продажбата е во висина од 11 200 денари. Собраните средства  учениците самостојно ќе одлучат како ќе ги донираат или реупотребат, применувајќи ги притоа принципите  на одржливост и стратешко донирање за кои учеа во претходните фази од проектот. Повеќе информации на линкот https://mim.org.mk/mk/novosti/1087-efikasna-samoregulacija-i-mediumski-pismeni-gragjani-za-odgovorno-komuniciranje-onlajn

visoka-skolaВисока школа за новинарство

Средношколски конкурс за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста неодамна објави конкурс за најдобар медиумски производ (фотоприказна, постер или едноминутно видео) изработени од средношколци на тема „Би сакал/а во мојата општина да …“. Конкурсот трае до 29 април 2018 година, тројцата најдобро пласирани ќе добијат награди (таблет, мобилен телефон, камера GoPro), а авторите на 10-те најдобри производи ќе учествуваат на еднонеделниот летен камп за медиумска писменост во јуни.

Конкурсот е дел од активностите за унапредување на медиумската писменост во средното образование во Македонија, а повеќе информации за условите за конкурирање и формуларот за пријавување можете да најдете на: http://medium.edu.mk/srednoskolski-medium/izrazi-se-preku-mediumite.

promociaПромовирано ДВД за Медиумска Писменост наменето за Основните училишта

Скопје, 25.01.2018г. – Во рамки на заложбите за поттикнување развој на медиумска писменост, Агенцијата, денес го промовираше првиот проект на неколку членки на Мрежата за медиумска писменост – ДВД наменето за основните училишта во Република Македонија. Проектот го финансираше Агенцијата, а го поддржаа Бирото за развој на образованието, и Министерството за образование кое во наредниот период ќе ја изврши дистрибуцијата на ДВД-то, до сите основни училишта во Република Македонија.

На ДВД-то се наоѓаат материјали, видео спотови, Конвенција за правата на децата и леток од Народниот правобранител со кои се објаснуваат правата на децата, и начинот како тие да се остварат. Материјалите ќе ги користат наставниците при обработувањето на теми поврзани со медиумите, и нивната намена е да ги подучат учениците како да ги восприемаат информациите, како да го одредат нивното потекло и да изградат критички пристап кон медиумските содржини.

„Важноста на овој проект е двојна, од една страна, наставниците добиваат конкретни пишани и видео материјали од кои ќе можат да се инспирираат и кои ќе можат да ги користат како нагледни средства со што медиумската писменост посуштински влегува во основните училишта, а од друга страна, соработката во Мрежата и надвор од неа полека но сигурно функционира“ – истакна директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски за време на промоцијата.

На настанот се обратија и претставници на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, Конеду глобал, Евротинк – Центар за европски стратегии и Народниот правобранител, кои говореа за содржината на материјалите со кои дадоа придонес кон проектот и воедно изразија задоволство од досегашната меѓусебна соработка. Материјали за ДВД-то обезбедија и Агенцијата, Македонскиот институт за медиуми, Метаморфозис, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија, и Хелсиншки комитет за човекови права.

visoka-skolaВисока школа за новинарство

Конференција „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“

На 27 октомври 2016г. се одржа конференцијата „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“, на која беше претставен извештајот од истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“.

Настанот беше организиран од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“, а беше поддржан од Европската Унија. Повеќе информации за публикацијата, за конференцијата и за други активности и информации на Високата школа во врска со медиумската писменост на: http://www.medium.edu.mk/