Мрежата има 47 членки (јавни институции и министерства, граѓански организации, образовни установи и радиодифузери) и е контиунуирано отворена за нови членови – потребно е само да се прифати Актот за формирање и да се достави во АВМУ потпишана Пристапница.

Таа беше формирана на иницијатива на Агенцијата но им припаѓа на сите и ќе биде онолку успешна колку што сите ќе бидат подготвени да ја користат.

Нејзината промоција беше на 27 април 2017 година.

Работен состанок на Мрежата за медиумска писменост

Одржан состанок на Мрежата за медиумска писменост

Скопје, 17.05.2019 – Денеска се одржа состанок на Мрежата за медиумска писменост, на кој се разговараше за досегашните активности на членките, за тековните проекти, како и за иднината на Мрежата и можноста за организирање заеднички настани и активности.

На состанокот, претставниците на Македонскиот институт за медиуми, Фондацијата Метаморфозис и Младинскиот образовен форум се осврнаа на нивните тековни активности за регрантирање граѓански организации што ги реализираат во рамки на проектите финансирани од Европската Унија. Агенцијата, го презентираше документот „Политика за медиумска писменост“ и се осврна на четирите компоненти на кои треба да се работи во следниот период.

Една од главните теми на дискусија беше потребата од структурирање на Мрежата на начин кој ќе овозможи поголема динамичност на интеракциите, истовремено задржувајќи ги принципите на демократичност и еднаквост по кои функционира таа. За таа цел, МИМ ги претстави „Препораките за интегрирање на концептот на медиумската писменост во различни општествени сфери“ создаден како резултат на искуствата од студиската посета на Регулаторно тело на Ирска и на Ирската мрежа за медиумска писменост. Во овој контекст се покрена прашањето за потребата од дополнително структурирање на Мрежата и формирање засебни групи кои ќе придонесат за поголема координација и соработка меѓу членките кои работат на специфични аспекти од медиумската писменост.

Присутните членки на Мрежата исто така разговараа за заедничкото организирање идни настани и активности.

МРЕЖА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

АВМУ

visoka-skola

ВШ

Конеду Глобал

ЗНМ

Хелсиншки комитет

infocentar

НВО Инфоцентар

Младински совет

OPM

ОПМ

QMBI

QMBI

ЕКВАЛИС

Здружение Диверзити Медиа

ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА

МТСП

ИКС

Агенција за филм

ТВ Шења

ERA

ТВ ЕРА

Исламски Форум

УКЛО ФМ

tvspectra

ТВ Спектра

Радио Свети Николе

 ЗДР-ADW

 1TV

 

МОФ

МОН

dzlp

ДЗЛП

Коалиција Маргини

Реформатор

ЕВРОТИНК

ИММЕК Институт

TVKanal21

ТВ 21

tvalfa

ТВ Алфа

ФОРУМ 16

РЕСИС

ИНСТИТУТ  ОХРИД

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања

МИМ

Antenna 5 Radio Network

Радио Антена 5

СЕММ

 

Метаморфозис

public researchПаблик

media deveopmentЦРМ

АРНО

TV PlusТВ Плус

logo VCSВЦС

ГАНИМЕД

РЕСУРСЕН ЦЕНТАР

Во јули 2018 година, престана членството на Радио Слободна Македонија бидејќи му беше одземена дозволата за емитување.