Видео спотови за зголемување на медиумската писменост

Патување до медиумската писменост 3: Приватност и следење

Јове станува се помудар за медиумите и продолжуваат неговите авантури на Островот на медиумската писменост.Овој пат, тој открива дека е следен!
Но, кој  го следи и што може тој да направи во врска со тоа?
Дознајте во третиот видео спот од авантурата на Јове низ медиумската писменост.

Превод и адаптација на македонски јазик: Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Нахсинхронизација: Радио Антена 5
Монтажа: ТВ Шења

Авантура низ медиумската писменост

Спотот беше обработен од страна на вработени од Агенцијата како и од г-динот Зоран Петров од РА Антена 5 кој го позајми својот глас за ликот Јове.

Патување кон медиумската писменост – За свесноста, Што правам јас

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за македонската публика адаптираше уште еден видео спот кој е посветен на медиумската писменост, од циклусот спотови на меѓународната организација ЕАВИ, со наслов „За свесноста, што правам јас“.

Каде е Горан?

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуски услуги направи и адаптирана македонска верзија на спотот „Каде е Клаус?“ на германската организација klicksafe.de, чиј превод го направија вработени од Агенцијата, додека нахсинхронизацијата и титлувањето го реализираше ТВ Сител. Целта е уште еднаш да се сврти вниманието на родителите кон фактот дека во РМ постои софтвер, кој можат да го искористат за ефикасна контрола врз Интернет – содржините до кои пристапува нивното дете. Спотот „Каде е Горан?“ може да се преземе на следниот линк: