СВЕТСКИ ДЕН НА РАДИОТО ПОСВЕТЕН НА ДИЈАЛОГОТ ТОЛЕРАНЦИЈАТА И МИРОТ

 

По повод „Светскиот ден на радиото“, УНЕСКО ги повикува радио станиците да работата на промовирање на мирот преку дијалог и учество, како и за надминување на различностите преку здружување за заедничките предизвици за кои се загрижени сите.

 

Оваа година, на 13 февруари 2019 година (среда) под покровителство на УНЕСКО меѓународно ќе се прославува 8-то издание на Светскиот ден на радиото под мотото: “Дијалог, толеранција и мир”. Ова мото ги обединува следните под-теми:

  • Промовирање на мирот преку дијалог и учество;
  • Надминување на различностите преку здружување за заедничките предизвици за кои се загрижени сите.

Овој ден означува време кога луѓето од целиот свет го слават радиото и неговиот придонес во нашето живеење, бидејќи тоа информира, образува и обединува. Ги обединува луѓето и заедниците од сите средини за да поттикне позитивен дијалог за промени. Радиото, според УНЕСКО е „совршен медиум кој овозможува да се застане наспроти повиците за насилство и ширењето на конфликти, особено во регионите кои се потенцијално поекспонирани на такви реалности“.

Радио програмите кои обезбедуваат платформа за дијалог и демократска дебата за прашања, како што се миграцијата или насилството врз жените, можат да помогнат да се подигне свеста кај слушателите и да се поттикне разбирање за нови перспективи во отворање на патот за позитивни активности.

Радиото исто така може да изгради толеранција и да ги надмине разликите што ги одделуваат луѓето со тоа што ќе ги обединат за заеднички цели, како што се обезбедување на образование за децата или решавање на локалните здравствени проблеми.

На службената страница посветена на Светскиот ден на Радио 2019, поставени се информации со идеи за обележување на овој ден и бројни материјали достапни за преземање и слободно користење. Ве повикуваме да се придружите и на Светскиот ден на радиото 2019, да го прославиме влијанието на радиото во потрагата по помирен и толерантен свет. Доколку организирате посебен настан или програма која кореспондира со темата, пожелно е тоа да го пријавите на веб страницата: www.worldradioday.org, а за да добиете подетални информации можете да се регистрирате на: http://eepurl.com/bH77oj