ПОКАНА ЗА КОНФЕРЕНЦИЈА

„Медиумската писменост во образованието – предуслов за учество на младите во општествените и политичките процеси во Македонија“

18.12.2018 година,
Хотел „Холидеј Ин“ Скопје

 

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста има чест да ве покани на завршната конференција „Медиумската писменост во образованието – предуслов за учество на младите во општествените и политичките процеси во Македонија“ во рамки на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“. Настанот ќе се одржи на  18 декември (вторник) во хотел „Холидеј Ин“ (сала Милениум 1), во Скопје од 10.00 – 14.00 часот.

На конференцијата ќе се презентираат наодите од истражувањето што Високата школа го реализираше во соработка со Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука. Истражувањето ја анализира состојбата во основното образование во однос на присутноста на медиумската писменост во наставата, резултатите од фокусните групи со наставниците, а претставена е и компаративната анализа на образовниот систем во Словенија и медиумско описменување на учениците. На настанот ќе учествуваат и реномирани истражувачи и професори од Хелсинки, Единбург и Лондон, кои ќе ги пренесат моделите на медиумско образование во своите земји, а ќе се дискутира и за медиумската и информациската писменост низ перспективите на УНЕСКО.

Настанот исто така ќе може да се следи во живо преку видео-стриминг на www.medium.edu.mk; www.vs.edu.mk.  На конференцијата ќе биде обезбеден и превод на англиски јазик. За учесниците од внатрешноста се обезбедени средства за патни трошоци.

Со оваа конференција завршува тригодишниот проект „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше во соработка со дневниот весник „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот го финансира Европската Унија.

Ве молиме, Вашето присуство на конференцијата да го потврдите најдоцна до 14-ти декември (петок), на тел. 02/30 90 004 или на е-маил: lsaban@vs.edu.mk. Лице за контакт: Лејла Шабан.

Агендата за настанот можете да ја преземете ТУКА.