П О К А Н А

Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – центар за европски стратегии се обраќаат до заинтересираните локални граѓански организации и медиуми со покана за учество на информативни сесии во врска со Програмата за мали грантови во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“. Конкурсот за мали грантови е вториот од двата циклуса на Програмата за мали грантови и е објавен на 31-ви мај, а ќе биде отворен до 15-ти јули 2019 година. Во рамките на вториот циклус е предвидено да се доделат 10 грантови со кои ќе се поддржат проекти од 8-те плански региони во Македонија. Ќе бидат доделени поединечни грантови во износ помеѓу 6.000 и 7.000 евра.

Детални информации за проектот и Програмата за мали грантови се достапни на веб-локациите на партнерите и на веб-локацијата на проектот http://crithink.mk/baranje-za-aplikacii-kritink-2/
Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.

Специфичните цели на проектот се:
 Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности.
 Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.
 Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување

Со цел да ја приближи и да ја дообјасни Програмата за мали грантови и самиот проект до сите заинтересирани, Метаморфозис и Евротинк организираат информативни сесии во градовите од 8-те плански региони во Македонија. Точниот распоред на информативните сесии се во табелата: